Според францускиот весник „Капитал“ состојбата на пазарот на трудот значително ќе се менува. Според весникот, некои професии целосно ќе исчезнат, а други за кои сте мислеле дека нема да се толку барани всушност ќе се најдат на листата на најбарани професии.
На пример, чевларскиот занает веќе згаснува, поради промените во општеството.
Сепак, една од најпопуларните и најбарани професии до 2015-та година, ќе биде специјалист во управување со отпад.
Како што пренесува Б92, првиот носител на промените е животната средина, така што во полето на рециклирање и управување со отпад во следната деценија, локалните заедници и бизниси ќе вработуваат илјадници нови професионалци.
Во енергетскиот сектор, на пример, според зборовите на одговорните од Алстом, францускиот енергетски гигант, ќе се бараат значителни заштеди.
Еден од експертите во оваа компанија, Роберт План, вели дека на пример, фудбалскиот стадион во Париз чиј трансформатор работи во просек само еднаш неделно, во иднина, за време на паузите, ќе снабдува со струја електрични автомобили.
Покрај тоа, ќе се бара и експерти за топлинска изолација, бидејќи во иднина таа ќе биде доста употребувана со цел да се заштити енергија.
Уште еден сегмент чиј развој создава потреба за нови работни места е дигиталната технологија која ќе обезбеди нови можности за вработување за илјадници млади луѓе со дипломи, кои че знаат, пред се, од масата на информации да ги издвојат клучните податоци.
Според зборовите на директорот на Институтот за статистика на Универзитетот Пјер-Мари Кири, Мишел Делекроа, токми овие експерти за дигитални технологии ќе бидат цареви на една нова ера.
Исто така, трудот со тек на време старее, па според една студија на францускиоот весник, до 2020 година, ќе се отворат оклу 160.000 работни места за нега на стари лица. Според весникот, некои професии целосно ќе исчезнат, а други за кои сте мислеле дека нема да се толку барани всушност ќе се најдат на листата на на