Наместо одговор, од СДСМ добивме само навреди и омаловажувања кои нема да нé обесхрабат и во иднина да ја информираме јавноста. Останува непознато какви совети му дава Мухамед Зекири на Заев за 500 евра месечно и партиска функција?Новинарско право и стандард е медиумот да постави прашање до политичката партија за теми за кои смета дека се од интерес на јавноста, без разлика дали станува збор за членови на политичката партија, опоненти или неопределени.
КУРИР по дознавањето на информацијата дека Мухамед Зекири освен што добил партиска функција и за 24 часа се трансформираше од “независен новинар” во член на Централниот одбор на СДСМ, добил и вработување во партијата со плата од 500 евра, се обиде истата да ја провери и да добие одговор од партијата. Според сознанијата кои веќе ги објавивме, официјално од 09.09.2016 година, односно вчера, Зекири е вработен како советник во СДСМ.
КУРИР најпрофесионално се обиде да ја провери оваа информација упатувајќи прашања до СДСМ кои сметаме дека би биле од интерес на нашите читатели. КУРИР во ниеден момент не го оспори правото Зоран Заев да го вработи Мухамед Зекири во СДСМ , ниту пак тврдеше дека станува збор за криминал. Напротив, за нас тоа претставува интересна политичка одлука за која треба да биде информирана јавноста.
Токму поради ова, до СДСМ во писмена форма ги поставивме прашањата дали новиот член на Централниот и Извршниот одбор Мухамед Зекири е вработен во партијата, колку изнесува неговата плата колкумина членови на Централниот одбор се вработени во СДСМ? За жал, наместо одговор на конкретните прашања, од СДСМ преку одделно соопштение добивме само навреди и омаловажувања кои нема да нé обесхрабат и во иднина да ја информираме јавноста.
-Личните напади и нарачаните хајки на курирските медиуми само ја потврдуваат фрустрацијата кај ВМРО-ДПМНЕ, која од ден на ден расте, зашто се повеќе граѓани, од различни професии, од различна етничка припадност, стануваат дел од движењето што ги носи промените во Македонија, стои во соопштението од СДСМ.
За јавноста останува енигма какви совети му дава Мухамед Зекири на Зоран Заев за 500 евра месечно и партиска фунција. Додека луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата, Зекири со сигурност станува еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев.Новинарско право и стандард е медиумот да постави прашање до политичката партија за теми за кои смета дека се од интерес на јавноста, без разлика д