Опозициската СДСМ заедно со својот лидер Бранко Црвенковски, на овие локални избори се борат за „подобра иднина на Македонија“.
Но, дали тие се сеќаваат што направија во своето време, времето на транзицијата во Македонија, каде што во тој период беше клучно да се бори Македонија и тогашната власт за подобра иднина.
Бранко Црвенковски зад себе остави повеќе од 30-тина споменици. Неговите споменици се затворени фабрики и фирми во кои работеа илјадници граѓани од цела Македонија. Споменици од каде што Македонецот го заработуваше своето парче леб, за потоа поради алчноста и личните цели на Бранко, да остане без тоа парче леб и да поминува тешки времиња за опстанок, наместо да живее во земја која полека, но сигурно ќе се развива и која ќе му понуди сигурна работа од која ќе се храни себе си и своето семејство.
Лидерот на СДСМ, зад себе има оставено дела кои не се така сјајни за идината на Македонија. Ако во тој период, тој се потрудил Македонија уште повеќе да пропадне, како сега народот да му верува дека тој навистина се бори за подобра иднина на земјата и сите оние кои живеат во неа во неа?
Бранко зад себе има оставено повеќе од 30 споменици, а илјадници граѓани скапо ги платија тие негови споменици.
Делата сведочат за се она што е сработено додека едната или другата партија била на власт. Делата на Бранко се нешто што никогаш нема да се заборави од страна на граѓаните, кои не би сакале тие негови дела да се повторат и да бидат нивната иднина. Опозициската СДСМ заедно со својот лидер Бранко Црвенковски, на овие локални избори се борат за „подобра иднина