Какви “замки“ ви поставуваат супермаркетите?!

Дали во продавница влегувате „вооружени со список за купување и одлучни во намерата овој пат да не потрошите ни денар повеќе од планираното, меѓутоа, секогаш некако успевате да ја натрупате количката и да излезете со работи кои воопшто не ви требаат?Звучи познато? Ви ги претставуваме замките во супермаркетите во кои се фаќаат повеќето купувачи, како и начините како тие замки да ги избегнете, пишува tportal.hr.

Влезен простор на супермаркет
Замка: влезниот простор на продавницата е навистина добра замка за наивните купувачи кои непланирано купуваат работи кои не ги планирале, или кои воопшто не им се потребни. Уреден како некој вид „зона за опуштање“, влезниот простор ги наведува купувачите на импулсивно купување разни ДВД, храна и пијалаци во големи пакувања, па празнични производи кои на купувачите делуваат емоционално. „Тоа е смислено за да ве наведе на купите или да почнете да мислите да купите, на пример, големо пакување сок за скарата што можеби ќе ја организирате наредната година,“ вели Кит Јароу, психолог и професор по маркетинг на Универзитетот „Голден Гејт“ во Сан Франциско, пишува Yahoo Shine.
Што да направите: „Иако можеби ви се чини дека е најдобро да поминете покрај производите во влезниот простор едноставно не гледајќи ги, тоа е сосема погрешна одлука, бидејќи во текот на купувањето ќе ве прогонува мислата дали сепак сте требале да погледнете што се нуди на акција и дали сепак можеби ќе помините поповолно, па на крај ќе го купите и она што не ви треба. Наместо тоа, пополека и внимателно разгледајте ги производите кои се нудат, застанете за кратко и добро размислите за купување. Ако застанете во тој момент, веднаш по влегувањето во продавницата, помали се шансите дека понатаму ќе купувате импулсивно“, советува Арт Маркман, професор по когнитивни науки на Универзитетот Тексас во Остин.
Позицијата на овошјето и зеленчукот
Замка: некои експерти сметаат дека овошјето и зеленчукот се ставени на самиот влез во дуќанот бидејќи купувањето храна која се смета за здрава предизвикува помало гризење на совеста. Пако Андерхил, автор на книгата ‘Why We Buy’ открива уште една причина: „Овие производи имаат поголема маржа, а на самиот почеток на купувањето, при самиот влез о продавницата, секој е помалку дисциплиниран и склон кон трупање работи во кошничката“.
Што да направите: причекајте со купувањето на овие производи до крајот на купувањето, откако во кошничката ќе ги ставите останатите производи, и на тој начин ќе спречите прекумерно купување, а со тоа и потрошувачка. Покрај тоа, овошјето и зеленчукот лесно може да се оштетат ако цело време ги возите во количката или ги носите во кошничката.

Попусти
Замка: повеќе попусти и снижени цени поттикнуваат поголема потрошувачка. „Попустите ги зајакнуваат чувствата кои ја надминуваат вештината на расудување. Така, често во тие ситуации мислиме дека нешто е евтино, не согледувајќи ја вистинската ситуација“, објаснува Кит Јароу.
Што да направите: размислете и земете ја предвид вистинската цена на производот. „Доколку би го издвоиле тој производ и би го купиле по полна цена, попустот е добра прилика, но доколку некој производ го купувате само затоа што цената му е намалена, тогаш тоа е фрлање пари, “ вели Маркман.
Распоред на производите на рафтовите
Замка: во продавниците, популарните производи често се сместени на средината на преминот, па мора да поминете покрај многу дргуи производи за да стигнете до она што ви треба. „Истражувањата покажуваат дека луѓето во повеќето случаи купуваат производи кои се наоѓаат пред нив“, вели експертот Херб Соренсен.
Што да направите: „Кратко и јасно: продолжете да се движите, ако одредени производи кои ќе ги здогледате не се вашиот список, само поминете покрај нив. Ако сепак го сакате тој производ, вратете се и погледнете го, големи се шансите дека на крајот сепак ќе се откажете од купувањето“, вели Соренсен.
Повеќе на: vrabotuvanje.com.mkЗвучи познато? Ви ги претставуваме замките во супермаркетите во кои се фаќаат повеќето купувачи, како и начините како тие замки да ги избегнете, пи

Пронајдете не на следниве мрежи: