Какво е лицето на хороскопските знаци: Овенот е младолик, бикот е мажествен…

Погледнете што кажуваат цртите на вашето лице, според Вашиот хороскопски знак:Овен
Овновите имаат весел израз на лицето и се одликуваат со младоликост дури и во позрелите години. Женските припаднички од овој знак пленат со својот сексипил и полемичкиот став, а мажите се препознатливи по својот продорен поглед со кој понекогаш делуваат опасно.
Бик
Биковите се лежерени, опуштени и духовити. Изразот на нивните лица ви дава до знаење дека сте сигурни и заштитени покрај нив и затоа нека не Ве излаже боемската лежерност којашто произлегува од нивниот поглед. Бидејќи, кога Бикот ќе прозбори, бојата на неговиот глас е толку пријатна и смирувачка, што ќе Ве натера да се почувствувате стуткани како мало дете покрај нив.
Близнаци
Близнаците се рационални и калкулираат, дури и кога Ви делуваат најопуштено. Ако се однесуваат како Круела од „101 далматинци“, верувајте дека тоа е нивна маска бидејќи зад таквиот имиџ се крие едно мало детенце кое никогаш не сака да порасне. Многу зборуваат, но најмалку за себе.
Рак
Мазниот и срамежлив Рак освојува со својата таинственост и заштитнички став, кој ќе Ве разоружа на прв поглед. Раковите се полни со разбирање и се љубезни. Жените Ракови се одликуваат со образи кои се полни како Месечина и кај другите буди желба да ја заштитат, а подоцна и таа тоа ќе го направи нејзините најблиски.

Лав
Изразот на нејзиното лице кажува дека таа е родена глумица, бидејќи е атрактивна, весела и тешко е дека ќе остане незабележана. Никогаш не излегува од дома без добро средена фризура, бидејќи има густа коса. Погледот на нејзините очи ќе Ве разоружа на прв поглед, додека господинот Лав има цврст став кој дава на знаење дека е доминантен, горд и достоинствен.
Девица
Со нејзиното отмено лице доминира таинствениот и испитувачки поглед. Исто како и во бајките, знае да се преобрази од грдо пајче во прекрасен лебед и кога има убава фризура, мисли дека на себе си го разубавела својот живот. На мажот Девица не му е битно што мислат другите за неговиот изглед, а изразот на неговото лице остава впечаток дека тој е пристоен и расположен како личност, но и дека длабоко во нив се крие интелектуална и динамичка природа.
Вага
Изразот на нејзиното лице воглавно го открива она што Вагата сака да им го покаже на другите, односно нејзиниот имиџ во јавноста. Многу го негува изгледот, поради кој често се наоѓа во центар на вниманието. Мажите имаат остро нагласени црти на лицето.
Скорпија
Очите се доминантен дел од нивното лице, а погледот не открива никакви чувства. Жената Скорпија делува заводливо, дури и без шминка. Мажот Скорпија е многу мажествен, доколку е црнокос или со потемен тен; а доколку е светлокос, тој делува поотмено, бидејќи неговиот израз на лицето зрачи со харизма.

Стрелец
Стрелецот често е насмеан и е со симпатична природа. Постои нешто отмено во цртите од неговото лице, без оглед на тоа што мажот Стрелец порано започнува да ја губи косата. Иако не делува толку нежно, зад лицето на жената Стрелец се кријат нејзините мечтаење за далечни патувања, или за било кој друг начин на кој може да побегне од стварноста.
Јарец
Погледот на жената Јарец не открива многу и делува испитувачки. Долго го задржува својот младешки изглед поради убавата коса и источњачките црти во изразот на лицето. Мажот Јарец можеби делува ладно, но неговиот продорен поглед го прави да делува помладо со тек на времето.
Водолија
Погледот на жената Јарец остава впечаток на таинствена личност, со која не е пожелно некој да се поигрува. Нејизиниот поглед е интригантен и прониклив што ја прави да делува интересно, автентично дури и кога не поседува голмеа убавина. Помалку делува расеано, но во суштина ништо не може да и помине незабележано.
Риби
Нивниот поглед и изразот на лицето кријат многу работи. Кога ги гледате нивните изразени очи и занесот во таинствениот поглед, посебно кај женските припадници од овој знак, ќе Ви биде јасно колкава е нивната сензуалност и грациозност во изгледот и однесувањето.
Овен
Овновите имаат весел израз на лицето и се одликуваат со младоликост дури и во позрелите години.

***

ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ЗА ХОРОСКОП,
ИНТЕРЕСНИ ТЕКСТОВИ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи: