До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, соопшти УХМР. Повеќе врнежи утре ќе има во западните делови, а во среда во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2.
Во петок во текот на денот врнежите ќе престануваат.
Утре на места ќе дува засилен југоисточен ветер, а од среда умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Во сабота се очекува стабилизирање и затоплување на времето.Повеќе врнежи утре ќе има во западните делови, а во среда во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а