сабота, 28 ноември 2026
Најново

Какво време не очекува до крајот на неделата?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, соопшти УХМР. Повеќе врнежи утре ќе има во западните делови, а во среда во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2.
Во петок во текот на денот врнежите ќе престануваат.
Утре на места ќе дува засилен југоисточен ветер, а од среда умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Во сабота се очекува стабилизирање и затоплување на времето.Повеќе врнежи утре ќе има во западните делови, а во среда во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а

Поврзани вести