Период на стабилно време со свежи утра и дневна температура што ќе биде во постепен пораст следува од задутре.Метеоролозите најавуваат дека услови за локален дожд ќе има во сабота.
Утринските температури ќе се спуштат до три и ќе достигнуваат до 16. Најсвежо ќе биде во среда наутро кога на одделни места во земјава температурата ќе биде 3 степени, а дневната ќе се движи од 23 до 30 степени.
Утре утринската ќе се движи од 5 до 15 степени, а дневната 17 до 28 степени. Во четврток од 4 до 13 утринската и од 25 до 31 степен дневната. Во петок утринската од 5 до 14, а дневната од 25 до 32 степенa. Во сабота утринската ќе се движи од 7 до 16, а дневната 26 до 32 и во недела утринската температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а дневната од 27 до 33 степени.Метеоролозите најавуваат дека услови за локален дожд ќе има во сабота.
Утринските температури ќе се спуштат до три и ќе достигнуваат до 16.