Какво значење имаат бројаниците?

Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол. Според преданието, ѓаволот не може да ја расплете бројаницата направена со по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот.Господи Исусе Христе, сине божји,  помилуј ме грешниот!
Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа Исусова молитва, допирајќи го посебно секое топче од бројаницата.
Велат дека целта на молитвата е да го соедини човекот со Бог и да го исполни неговото срце со светлината на божествената благодат. Вака теолозите го објаснуваат значењето на молитвата со бројаница, која многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење.
Интересна е, пак, појавата на оние што се декларираат како атеисти, а носат накит со верски симболи, како што се синџирчињата и алките со бројаници.
Инаку, бројаницата се смета за еден од најстарите начини на молитва, која особено ја негуваат православните монаси, а со која се брои изговорената молитва, а секој јазол од бројаницата означува едно кажување на молитвата.
– Бројаницата е молитвено оружје на монасите, монахињите и на сите христијани. По замонашувањето секој монах добива бројаница од својот духовен отец.

 
Таа е молитвен меч за прогонување нечисти сили – напишал теологот Ратомир Гроздановски, професорот на Богословскиот факултет на својата интернет-страница.
Освен молитвите што се наоѓаат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, црквата ги благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат. Сметаат дека токму бројаницата може да им помогне во тоа.
Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол.
– Бројаниците најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец, поради црната боја, која се смета за симбол на покајанието. Но можат да се најдат и во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли, што ги симболизираат годините на Исус. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1.000 јазли – објаснува свештеник од скопската епархија.

 
Според преданието, свештениците раскажуваат дека околу четвртиот век по Христа, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да ги одбројува своите молитви. Демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило.
Еднаш му се јавил ангел господов и го научил да плете јазли, кои се состоеле од по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот. Се смета дека така направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.
Теологот Гроздановски истакна дека е добро молитвата да се кажува редовно, во одредено време на денот, односно наутро и навечер. Тоа помага умот полесно и побрзо да се концентрира на зборовите од молитвата. Верниците можат да се молат секогаш и насекаде, а тоа да не го знае никој друг, освен Господ, кому и му е посветена молитвата. Молитвата, според Гроздановски, треба да се извршува во покајание и смирение.
Извор: Shilo magazinГосподи Исусе Христе, сине божји,  помилуј ме грешниот!
Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа

Пронајдете не на следниве мрежи: