Тука сум вечерва во име на Европската народна партија и во име на нејзиниот претседател Жозеф Дол. Тука сум да ве поддржам како долгорочни партнери на Европската народна партија, ние сме заедно повеќе од 10 години и токму Европската народна партија е таа што ја поддржува европската интеграција на балканскиот регион.Ова го истакна Сандра Калниете, пратеник во Европскиот парламент и потпретседател на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент, на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Свети Николе.
-На 11 декември, вие граѓани на оваа прекрасна земја ќе имате моќност да излезете на гласање. Среќна сум што можам да забележам дека овие избори конечно ќе се случат. Вие граѓаните и ние како Европа вложуваме многу надеж во овие избори и ВМРО-ДПМНЕ не може да ги разочара нив, овие избори треба да бидат слободни, фер, транспарентни за да ја придвижат земјата напред, ова ќе помогне да се негува вашиот пат кон Европа. Но, мора да знаете, овие избори не се крајот, тие се нов почеток, тие дават шанса да се добие цврсто мнозинство, стабилна Влада и национален консензус во поглед на евроатлантската интеграција.
Овие избори, додаде таа, нудат шанса заедно со уште поголема одговорност да се оди напред со многу потребните реформи за сите граѓани на Македонија.
-И уште една мошне важна порака- сите мора да ги прифатат резултатите од изборите и да учествуваат, бојкотот може да доведе само до ќор сокак. Благодарни сме за вашата улога во справувањето со бегалската и мигрантска криза, за жал таа се уште не е завршена и ние сметаме на вас. Сакам и да ви честитам за одличните резултати на економскиот развој постигнат под лидерство на ВМРО-ДПМНЕ, странските инвеститори доаѓаат во Македонија, креираат нови работни места и обезбедуваат подобри плати. Ние, Европската народна партија ќе му помогнеме на ВМРО да води одговорно, инклузивно и правично.
Овие избори, рече Калниете, се единствена шанса за Македонија, тоа е ваша шанса да изберете кој ќе ја води вашата земја и која ќе биде нејзината иднина.
Им посака успех на изборите на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека може да сметат на нивна поддршка.
Ова го истакна Сандра Калниете, пратеник во Европскиот парламент и потпретседател на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот