Синхронизираната негативна кампања против проектот Скопје 2014 та што ја спроведуваат опозицијата и соросовите платеници од една страна и јужниот сосед од друга, овие денови повторно се интензивира, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.Промоцијата на книгата „Името на злото“ во просториите на соросовиот ГЕМ клуб, во која поранешниот градоначалник на СДСМ Мирослав Грчев изнесува куп навреди и омаложувања за проектот, во грчката јавност беше поздравена и опишана како значаен чекор на т.н. скопска интелегенција и опозиција во борбата против Македонизмот односно против ВМРО-ДПМНЕ.
Паралелно, дел од грчките медиуми излегоа со обвинувања дека штитовите на македонската Фаланга кои што ќе ја красат новата ограда на мостот Слобода, наводно биле мотиви од грчката антика. Незадоволство на јужниот сосед од мостот Слобода го споделуваат и опозициско-соросовите инсталации во Македонија, кои што своевремено организираа и протести на мостот.
– Нашата борба е на два фронта. Едниот е борбата со грчкото националистичко его надуено до космички пропорции, а другиот е борбата со соросово – опозициските елементи за кои што македонскиот народ претставува „стока и сељачишта“, вели за Нетпрес академскиот уметник Маријан Камиловски, еден од двајцата автори на новата ограда на мостот Слобода. Тој нагласува дека стилот на Скопје 2014 та доаѓа од истата неокласична инспирација според која што е градена и американската престолнина Вашингтон.
– Очигледно е дека се бориме на два фронта. Едниот е грчкиот национален фанатизам кој што се обидува да асимилира се што постоело пред новата ера, но и неколку векови подоцна. Вториот се домашниве „авангардни“ и „прогресивни“ самопрогласени лидери и господари на граѓаните на Македонија. Господари на народот кој што според нивниот партиски жаргон се состои од „радници, сељачишта и стока“. Според нив, истата таа „стока“ треба да биде среќна и задоволна ако им се изгради по некоја зграда во облик на коцка како трите „убавици“ на кејот 13 Ноември. За жал, за македонските идеолошки обоени архитекти од исто така идеолошки обоениот факултет за архитектура во Скопје врвна вредност во архитектурата е натур – бетон естетиката на бруталистичкиот стил или „брутализам“. Иако овде се обидоа да го прошверцуваат како „Модерна“ , факт е дека тој се смета за најодвратен стил кој некогаш се појавил во историјата на цивилизацијата.Така што, ова е типичен начин на кој лугето со комунистички ментален контекст гледаат на потребите на граѓаните, а тоа денес најдобро се гледа онаму каде што опозицијата има градоначалници. Но тука се и соросоидите кој што ќе не убедуваат дека бртуализмот е откачен и младешки, демек гледал кон иднината, а не кон минатото. Што би рекол Џорџ Орвел во својата 1984 „Ако партијата каже дека два плус два се пет и сите веруваме во тоа, тогаш два плус два навистина ќе бидат пет“. Според ова, тие сигурно и веруваат дека на пример ГТЦ и Студентски Дом Гоце Делчев биле „ремек дела“ на архитектурата и дека „убавиците“ на Кеј се навистина убавици, вели Камиловски.
Слична ситуација имавме и со последен протест на гореспоменатите во рамките на т.н. гушкање на Гратскиот Трговски Центар, во обидот да ја спречеле власта да го смени сегашниот бруталистички стил на оваа неатрактивна и дотраена градба.Промоцијата на книгата „Името на злото“ во просториите на соросовиот ГЕМ клуб, во која поранешниот градоначалник на СДСМ Мирослав Грчев