Кампања: „Мојата Апликација Заслужува Одговор“

На колку работни огласи имате аплицирано, а немате добиено одговор?По тој повод денес, 02.06.2014 e одржана пресконференција во хотелот “Стоун Бриџ” каде што беше разговарано за проектот “Мојата апликација заслужува одговор”, предводен од Ротаракт клуб Скопје Центар.
Целта на проектот “Мојата апликација заслужува одговор” е да се мотивираат компаниите да дадат повратен одговор на добиена работна апликација. Платформата се состои од благодарност за примената апликацијата и дополнителна информација за процесот на избирање на кандидатите.

 

Оваа кампања ја отпочнувааат младите понесени од своето лично искуство но и мотивирани од алармантно високиот процент на апликанти кои покрај уредното конкурирање на одреден оглас сепак не добиле никаков одговор или повратна информација.
Координаторот на проектот Валентин Данилоски на пресконференцијата образложи дека, автоматското одговарање на добиените апликации е всушност известување дека пратената апликација стигнала на вистинското место како и информација дека огласот е се уште отворен за аплицирање. Тој напомна дека со отпочнувањето на оваа кампања Ротаракт клубот Скопје Центар ќе се обиде да влијае на компаниите да ја зголемат својата општествена одговорност и одговорноста на своите сектори за човечки ресурси.
Ротаракт клуб Скопје Центар е ново оформен клуб кој преку овој проект и многу други проекти во иднина ќе се стреми за подигнување на општествената одговорност кај граѓаните.
По тој повод денес, 02.06.2014 e одржана пресконференција во хотелот “Стоун Бриџ” каде што беше разговарано за проектот “Мој

Пронајдете не на следниве мрежи: