Кампања против „роботите убијци“

Група академици и добитници на Нобеловата награда за мир во Велика Британија ќе покренат нова глобална кампања со цел да се убеди светот да ги забрани „роботите убијци“, пишува во неделата британски The Guardian.Научниците веќе работат на роботско оружје, што е следниот чекор по беспилотните летала, и ќе биде достапно за десетина години, вели др Ноел Шарки, водечкиот експерт за роботика и вештачка интелигенција и професор на Универзитетот Шефилд.Шарки верува дека развојот на таквото оружје се одвива во нерегулирана атмосфера, како и дека речиси никакво внимание не им се посветува на етичките импликации и меѓународното право.Кампањата под мотото „Запрете ги роботите убијци“ ќе биде покрената во април во Долниот дом на британскиот парламент и во неа се вклучени многу до групите коишто успешно ги водеа кампањите против касетните бомби и нагазните мини. Тие се надеваат дека ќе постигнат сличен глобален договор против таквото нов вид оружје.„Тие работи  не се научна фантастика, тие веќе напредувале, истражувачкото крило на Пентагон во САД работи на X46В (беспилотно летало)…, со кое не може да управува човечко суштество“, вели Шарки.
МакфаксГрупа академици и добитници на Нобеловата награда за мир во Велика Британија ќе покренат нова глобална кампања со цел

Пронајдете не на следниве мрежи: