Задолжително користење заштитен појас за возачот и сите патници во автомобилот е пораката со која кампањата „Јас внимавам“ повикува на поголема безбедност во сообраќајот. Во вториот месец откако започна, кампањата ги продолжува своите активности со кои ја подигнува свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, ги наградува совесните возачи и ги едуцира најмладите.Кампањата е создадена од компанијата ОКТА со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Заедно со претставници на МВР беше спроведена контрола на возила по случаен избор, a совесните возачи кои носеа сигурносен појас, беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА.
„Носењето заштитен појас е обврска не само за возачите, туку подеднакво и за сите патници во автомобилот. Ова правило многу често се занемарува и превидува, а токму тоа во голем процент претставува заштита од сериозни повреди при незгода и затоа апелираме за доследно применување. Потсетувањето на најважните, воедно и основните сообраќајни правила, беше причината да ја поддржиме кампањата „Јас внимавам“ и веруваме дека заедно, со добро осмислените и спроведени активности ќе ја разбудиме свеста кај сите учесници за неопходноста од строго придржување кон сообраќајните прописи“, изјавија од МВР.
Втората јавна личност што за оваа фаза од кампањата ја даде својата поддршка е Кристина Арнаудова.
„Сите сме засегнати пред се од сопственото, а потоа од невниманието и на другите учесници во сообраќајот. И потребно е прво да го смениме сопствениот однос почитувајќи ги правилата што се однесуваат на сите учесници во сообраќајот, а со тоа ќе ги заштитиме и своите деца и семејството. На такво размислување нè наведуваат пораките на кампањата „Јас внимавам“. Со сопственото однесување, на моите деца им давам позитивен пример, а се надевам дека истото влијание ќе го имам и врз моите пријатели, познаници, сограѓани. Едноставноста и ефективноста на тоа влијание беше причина да ја дадам мојата поддршка и да верувам во успехот на кампањата“, изјави Кристина Арнаудова.
Националната кампања „Јас внимавам“, целејќи кон создавање побезбедни сообраќајници, активностите во првиот месец ги посвети на правилото да не се вози под дејство на алкохол. Досега од компанијата ОКТА во неколку основни училишта беа донирани едукативни сообраќајни полигони, а со донациите ќе се продолжи и во следните месеци. Активностите на кампањата вклучуваат и изведување театарска претстава на тема безбедноста во сообраќајот низ основните училишта во државата, а ќе бидат дистрибуирани и боенки кои ќе ги едуцираат децата за основните сообраќајни правила. Секој следен месец ќе биде посветен на некој од најчестите сообраќајни прекршоци – како што се: неопходноста од користење заштитни шлемови за мотоциклистите, возење и зборување на мобилен телефон, возење со препорачана брзина на патот, користење детско седиште и соодветна зимска опрема.Кампањата е создадена од компанијата ОКТА со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Заедно со претставни