Кампови на ИСИС се шират во Босна и Македонија?!

Во долините и падините на планините Проклетија и Шар Планина на Косово и Метохија од Пеќ преку Урошевац, Ѓаковица, Ораховац, Дечани, Призрен и Витина, во граничните подрачја со Албанија, Македонија и Црна Гора, во деведесеттите години се наоѓаа главни локации за обука на терористи на ОВК.Денес главно се користат за обука на припадниците на Исламска држава, пишува „Спутник“ и додава дека поголем дел од припадниците на ОВК кои после деведесеттите останале „нераспоредени“ во косовските структури, своите воени вештини ги продале за голема сума пари на припадниците на ИД.
Не само што се бореле на бојните полиња во Сирија, туку станале главни учители на припадниците за оваа злогласна организација, како во Сирија, така и по земјите во ЕУ, се додава во текстот.
Покрај тоа, поранешни високорангирани припадници на ОВК регрутираат дел од косовската младина за борби на бојните полиња на Исламска држава. Центарот за истражување на прашања за западен Балкан (Western Balkans Security Issues), уште во 2013 година во своите извештаи предупредува дека на територијата на Косово и поголем дел од Албанија се наоѓаат кампови за обука на терористите на ИД, но косовските власти тоа го „признаа“ дури во 2014 година, потестува „Спутник“.
Според информациите на неименуваниот извор на порталот, борците на Ал Каеда уште во 1999 година биле вклучени во обуката на борците на ОВК во камповите на Косово. Сега услугата се враќа, па поранешни припадници на ОВК сега обучуваат и регрутираат борци за потребите на ИСИС.
Наводно, регрутацијата се одвива во две етапи. Првата е под маската на невладините организации кои масовно дејствуваат на Косово, или преку приватни училишта. Како што тврди соговорникот на „Спутник“, тука на идните борци на ИСИС им се „пере мозокот“, учат арапски, изучуваат посебна верзија на Куранот и главата им се полни со идеите на оваа терористичка организација.
Кога идејата ќе „заживее“ во главите на регрутирнаите, тие се подготвени за понатамошна обука, тн. воена пракса.
Изненадувачки е што сѐ повеќе жени се приклучуваат кон овие групи, но има и цели семејства. Соговорникот изнесува податоци за кои тврди дека ги добил од странски разузнавачки структури на Косово, кои укажуваат на 314 регистрирани припадници на ИСИС од Косово, како и 70 семејства кои имаат пристапено. Според истите податоци, на сириските воени жаришта се борат 38 жени од Косово, а 27 деца помлади од петнаесет години се доведени со согласност од родителите во камповите за обука на Косово.
Соговорникот додава дека на територијата на Косово се наоѓаат вкупно 5 кампови во кои се одвива воена обука за идните припадници на ДАЕШ (ИСИС). Наводно, тие се сместени во готово непристапни предели на косовските планини, главно кон албанската граница со Македонија. Еден од тие кампови се сместени на преминот помеѓу Урошевац-Ѓаковица, додека вториот по големина, според неговите зборови, се наоѓа во дечанскиот округ. Помалите се во призренскиот и пеќкиот регион.
Упатените во тематиката велат дека косовските служби се трудат да водат евиденција за повратниците од Сирија, но често „замижуваат на едно око“ ако станува збор за некое од звучните имиња на поранешните припадници на ОВК.
Она на што предупредува соговорникот на „Спутник“ е ширењето на кампови во Македонија, но преку Санџак и Босна, во која за време на војната во деведесеттите дошле околу 800 џихадисти. Тој вели дека Македонија допрва ќе се соочи со овој проблем бидејќи во селата Танушевци, Малино, Брес, Лојане и Ваксинце, поранешни упоришта на ОВК и АНА, се подготвуваат кампови во кои ќе се обучуваат идните борци на ИСИС.
Тој тврди дека овие села се и еден вид на „стационар“ за мигранти, коишто илегално влегле во Македонија.
Меѓутоа, она што ја плаши јавноста е малку познат случај дека три тинејџерки – на возраст помеѓу 15 и 17 години, од српска националност, со потекло од Косово, биле „регрутирани“ за ДАЕШ. Колку што се знае, нивните семејства платиле огромни суми пари за да ги откупат. Продале сѐ на Косово и избегале во Србија. Она што теши е дека сепак не биле заведени од идеологијата, туку поради „љубовта“ – односно, биле во романтични врски со борци од ова движење, заклучува „Спутник“ во својот текст: „Како ДАЕШ дејствува на Косово?“.Денес главно се користат за обука на припадниците на Исламска држава, пишува „Спутник“ и додава дека поголем дел од припадниците на ОВК

Пронајдете не на следниве мрежи: