Францускиот град Кан периодов е мета на голем број арамии кои сакаат да се збогатат преку кражби на скапи часовници и накит. Овојпат, во Кан двајца мажи вооружени со огнено оружје ограбија луксузен дуѓан за часовници кој се наоѓа веднаш спроти киното каде се одржува филмскиот фестивал.
Оваа продавница за луксузни часовници беше исто така ограбена во февруари оваа година. Тогаш беа украдени 150 часовници во вкупна вредност од милион евра.
Разбојниците утринава го ограбиле дуќанот за помалку од 10 минути во време на кусиот одмор за појадок на вработените, преминувајќи низ соседна зграда и разбивајќи прозорец што гледал кон задниот двор.
Во неделата во хотелот „Карлтон“ маскиран маж, вооружен со автоматски пиштол го изврши еден од најголемите грабежи во историјата, откако од таму си замина со накит со рекордна вредност од 136 милиони долари.
Овојпат, во Кан двајца мажи вооружени со огнено оружје ограбија луксузен дуѓан за часовници кој се наоѓа веднаш спроти киното каде се одржува филмс