Канадски воени авиони како поддршка за интервенцијата на НАТО во Украина

Канадската армија ќе испрати шест CF-18 авиони како присружба на армиското зајакнување на алијансата на територијата на нејзините земји-членки во централна и источна Европа.Оваа наредба беше изречена од канадскиот премиер Харпер еден ден откако НАТО реши да го засили своето присуство во Црното Море и во земјите членки на алијансата кои граничат со Украина.
Неколку од земјите во централна и источна Европа го побараа ова засилување од НАТО од страв дека апетитите на рускиот претседател Владимир Путин може да посегнат и подалеку од Украина.

 
Откако започна кризата во Украина, Канада се приклучи кон групата земји кои и воведоа санкции на Русија. Канада забрани издавање визи на одредени Руски лица на моќни позиции, а пред неколку дена и даде и парична помош на Украина во вредност од 220 милиони долари.
Од друга страна пак, министерот за надвореши работи на Русија, Сергеј Лавров, по состанокот во Женева најави амнестија за сите проруски активисти во источна Украина, освен во случај на многу тешки дела против човештвото.Оваа наредба беше изречена од канадскиот премиер Харпер еден ден откако НАТО реши да го засили своето присуство во Црното Море и во земјите членки

Пронајдете не на следниве мрежи: