Канал 5, Сител, Телма , Алфа и Алсат-М бараат прифаќање на предлог-измените

Македонската медиумска асоцијација во која членуваат петте национални телевизии Алфа, Телма, Канал 5, Сител и Алсат-М достави предлог измени на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до Собранието. Бараат итна собраниска седница на која нивните предлози, кои пред се, се однесуваат на намалување на казните, ќе бидат ставени на гласање, јавува Канал 5.-Македонската медиумска асоцијација денеска имаше вонреден состанок на кој конечно ги договоривме нашите предлог измени на актуелниот законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ги доставиме до првиот човек на Собранието, Трајко Вељаноски. Истовремено со тој допис бараме итна собраниска седница, и очекуваме во најбрз рок тоа да биде ставено на гласање, и буквално сите наши забелешки сите членови кои што сметаме дека треба да бодат коригирани, во интерес на  медиумската бизнис заедница во Македонија , веднаш да бидат прифатени и имплементирани, Иван Мирчевски, претседател на ММА.
Пред да бидат испратени во Собранието, предлог измените на ММА се доставени и до претставниците на странските амбасади во земјава, до политичките партии, ОБСЕ и до премиерот Димитриев. Од асоцијацијата очекуваат сите заедно да се заложат нивните предлози да се инкорпорираат во постоечкиот закон.
-Најважните поенти кои што инсистираме да бидат променети , тоа се буквално бришење на членот 92, онаа срамна одредба за огромна домашна продукција , драмска и играна и документарна. Исто така бараме воведување на маскери, задолжително пренесување на националните телевизии, како и намалување на процентот на задолжителна домашна продукција. Намалување на драконски високите казни кои што дефинитивно може да доведат до оневозможување на нормално функционирање на нашите пет национални телевизии, изјави Иван Мирчевски претседателот на ММА.
Предлог закон за  реформи во медиумите до Собранието денеска доставија и останатите новинарски и медиумски организации  – ЗНМ,  Самостојниот синдикат на новинари на Македонија Македонскиот институт за медиуми и Институтот за комуникациски студии. Станува збор за предлогот  на европскиот медијатор Питер Ван Хауте, за кој поддршка дадоа и од опозициската СДСМ.
Од ММА и МАН категорично отфрлат прифаќање на предлогот на Ван Хауте и велат дека нема да отстапат од нивните предлог законски измени.-Македонската медиумска асоцијација денеска имаше вонреден состанок на кој конечно ги договоривме нашите предлог измени на актуел

Пронајдете не на следниве мрежи: