Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска беше во работна посета на институциите од културата во Штип и направи увид во проектите кои се во тек или се завршени.Го посети Саемот на книгата во Националната универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ каде што истакна дека е задоволна од работата на директорката на оваа установа, која како што рече успеала со низа проекти да ја доближи институцијата до читателите и до културните работници со изградбата и отворањето на отворениот амфитеатар, на кој ова лето се одржаа голем број културни настани.
– Со измена на Законот за библиотечна дејност овозможивме националните библиотеки во нашата држава да вршат продажба на оние капитални изданија кои досега ги реализиравме: 135 тома македонска книжевност, превод на дела кои имаат добиено Нобелова награда, проектот Ѕвезди на светската книжевност, како и сите оние капитални изданија кои паралелно се промовираат. По промоциите тие се дистрибуираат до нашите библиотеки и таа можност што ја дадовме за продажба и диструбуција на книгите, како што ме информираше директорката навистина успешно се реализира, рече Канческа-Милевска и најави дека во наредниот период во НУУБ-„Гоце Делчев“-Штип ќе биде реконструирана студентската читална.
Министерката за култура ја посети и црквата „Свети Спас“ која датира од периодот од 14 и 17 век, каде е завршена конзервација на фрескоживописот и на камените плочи во дворот, а беше промовирано и партерното уредување на дворот на една од најстарите цркви во штипскиот регион.
Канческа-Милевска во Штип ја посети и Личковата куќа, чија фасада е завршена со средства од Министерството за култура во рамки на проектот за обнова на староградска архитектура. Рече дека се работи за прекрасна архитектура, карактеристична за Штип, и дека ја радува тоа што од завршената фасада се задоволни и сопствениците на куќата.
– Драго ми е што со реновирањето е вратен архитектонскиот сјај кој го поседува оваа куќа. За фасадата се издвоени 1.200.000 денари. Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип веќе има избрано економски оператор, фирма која работи на уште две фасади, а кои се планира да бидат готови до крајот на годината, додаде Канческа-Милевска.
Таа потенцираше дека е задоволна и од функционирањето на Музејот за истакнати историски личности од Штип и штипскиот регион во штипско Ново Село, кој според посетеноста претставува туристичка атракција. Во тек е и конезрвацијата на икони кои ќе бидат дел од Галеријата на икони во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село.
– Посебно ме радува што во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе имаме еден нов галерски простор, за кој Минстерството за култура издвои три милиони денари. Во него ќе бидат изложени многу значајни вредни икони, досега се конзервирани 90 икони. Значи, паралелно институцијата ги конзервира и останатите икони коишто ќе бидат презентирани во новиот галерски простор на оваа црква. Тука ќе има и неколку иконостаси, оригинални предмети од црковни обреди, така што се планира веќе во декември, кога е и празникот на градот Свети Никола, да се отвори и оваа втора Галерија на икони, бидејќи претходно во црквата „Свети Никола“ беше отворен прекрасен галерски простор, изјави Канческа-Милевска.
Таа им се заблагодари и на Општина Штип и на Заводот и Музеј на градот-Штип бидејќи согласно со договорот со Амбасадата на Израел е завршен и проектот за конзервација на Еврејските гробишта, изградба на пат до нив и партерно уредување. Задоволна е и од работата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, кој годинава доби нова тонска и светлосна опрема која веќе е ставена во функција.Го посети Саемот на книгата во Националната универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ каде што истакна дека е задоволна од работата на ди