Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Кинотеката на Македонија, која како што рече, е еден трезор на филмската архива или на повеќе од 15.000 филмски наслови.– Проектот за реконструкција на целата покривна површина на оваа национална установа е завршен, нешто што беше од важност за самата институција, со цел да се продолжи во наредната фаза за целосно ентериерно уредување на Кинотеката на Македонија. За реконструкција на покривната површина се потрошени околу 1,3 милиони денари, рече Канческа-Милевска.
Таа информира дека преку презентација се запознале со Основниот проект за реновирање и адаптација на целиот простор на Кинотеката на Македонија. Проектот во моментов се ревидира и се планира во декември да се објави тендер за избор на фирма, која следната година ќе почне со целосно реновирање на Кинотеката на Македонија.
– Реновирањето ќе опфати уредување на целиот галериски простор и уредување на целата влезна партија во делот на музејската поставка, која ќе биде претставена овде. Музејската поставка на Вардар филм Македонија ќе има огромен број на раритетни експонати од самата институција, која долги години беше продуцент во Македонија, рече Канческа-Милевска. Додаде дека се работи за голем дел раритетни предмети како камери, документи, фотографии, сценографски макети, костимографски скици, филмски реквизити…
Според неа, се работи за многу значаен музејски материјал кој ќе биде изложен во новиот галериски простор, во новата музејска поставка со огромен број витрини со цел да се презентира целокупното творештво на институцијата Вардар филм Македонија. Ќе има и еден мал простор каде ќе можат да се следат и филмови на Вардар филм Македонија.
– Оваа музејска поставка, покрај културолошката димензија ќе има и едукативна димензија, нагласи Канческа-Милевска. Покрај ентериерното уредување, ќе има промена на целата инсталација, осветлување, промена на прозорци, врати…
За реновирање на Кинотеката на Македонија се обезбедени околу 18 милиони денари. Во декември ќе се објави тендерот, а се очекува до крајот на 2017 година да биде целосно реконципиран целиот музејски простор.
За проектот за дигитализација, Канческа-Милевска напомена дека е еден од приоритетите и оти се наоѓа и во програмата на Министерството за култура. Досега се дигитализирани голем број филмови, пред се од целокупниот опус на Милчо Манчевски, Столе Попов, Љубиша Георгиев, браќата Манаки, Арсениј Јовков. Во фаза на дигитализација е филмскиот опус на Бранко Гапо. Најави дека на крајот на декември ќе биде промовиран документарниот филм за Живко Чинго, кој го работи режисерот Љубиша Георгиевски.
Директорот на Кинотека на Македонија Бошко Грујоски истакна дека дигиталната реставрација на филмовите на режисерот Бранко Гапо се врши во Хрватска. Се работи за шест играни филмови од неговиот опус, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време без војна“, „Време, води“… Дигиталната реставрација се очекува да заврши до февруари следната година и потоа овие филмови да се стават на ДВД.– Проектот за реконструкција на целата покривна површина на оваа национална установа е завршен, нешто што беше од важност за самата институци