Канческа-Милевска: Најсилен адут на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори се програмата и проектите

Изборите на 11 декември ќе бидат посебни значајни за суверенитетот и интегритетот на Р. Македонија, порача денеска од Дојран Елизабета Канческа- Милевска од ВМРО-ДПМНЕ.Таа пред жителите на Дојран посочи дека најсилен аргумент и адут на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е програмата, проектите кои се реализирани во изминатиот период и спроведените мерките и придобивките од нив кои што се во интерес на сите граѓани од Р. Македонија.
-И на овие избори и во овој период до изборите ќе продолжиме со нашата позитивна политика, отчетност на сето она што беше реализирано во изминатиот период. Станува збор за огромен број на проекти во инфраструктурата, економијата, стопанството, образованието, здравството, културата. Бројките и аргументите се навистина големи, рече Канческа –Милевска.
Таа потенцираше дека во општина Дојран како никогаш досега, од 2006 година па наваму процентот на туризмот е зголемен за 300%.
-Тоа е навистина еден огромен податок и аргумент, пред се за граѓаните и жителите на Дојран и за сите наши заложби за подигнување на туризмот. Како никогаш досега се вложуваше во уредување на нови плажи, изградба на пешачки, велосипедски патеки, изградба на повеќенаменски игралишта, се инвестираше многу и во образованието, а се изгради и првата детска градинка, рече Канческа –Милевска.Таа пред жителите на Дојран посочи дека најсилен аргумент и адут на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е програмата, проектите кои се реализирани во измин

Пронајдете не на следниве мрежи: