Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со делегација од Република Турција предводена од директорот на Генералниот директорат на Вакафи, Аднан Ертем.Министерството за култура соопшти дека на средбата било потенцирано дека двете држави имаат одлична соработка која ги опфаќа сите сегменти од културата.
Канческа-Милевска подвлекла дека во рамки на досегашната успешна соработка реализирани се повеќе проекти во областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои обновата на родната куќа на родителите на Ататурк во Коџаџик, Спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола, Мустафа Пашината Џамија, Исхакија џамија во Скопје, Исхакија џамија во Битола…
Таа додала дека од особено значење е и соработката меѓу институциите, како и размена и учество на уметниците од двете држави на значајни културни манифестации во Македонија и во Турција.
– Во Програмата на Владата застапени се и повеќе проекти за унапредување и дејствување на турската заедница во Република Македонија. Еден од нив е и проектот за изградба на нов Турски театар, со чија изведба турската заедница ќе добие нова театарска зграда, изградена според сите светски стандарди, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Министерката изразила голема благодарност по повод вредната донација на турската Влада, репликата на саркофагот на Александар Македонски, која е сместена во Археолошкиот музеј на Македонија.
Директорот Ертем на средбата истакнал дека добрата соработка во областа на културата ќе продолжи и во иднина преку реализација на уште многу проекти меѓу двете држави, особено во областа на заштитата на културното наследство. Тоа, како што се наведува, ќе биде потврдено и со потпишување на Протоколот за соработка и реализација на активности за конзервација и реставрација на османлиското културно наследство во Република Македонија.
Ертем информирал дека Директоратот на Вакафи, како надлежна институција од областа на конзервацијата во Република Турција, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола веќе успешно го реализирал проектот за заштита на Хајдар Кади џамијата во Битола.
Двајцата соговорници изразиле уверување дека пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу двете држави ќе продолжат да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.
На средбата во Министерството за култура присуствувал и државниот секретар Бехиџудин Шехаби.Министерството за култура соопшти дека на средбата било потенцирано дека двете држави имаат одлична соработка која ги опфаќа сите сегменти од