Министерството за култура преку Годишната програма континуирано издвојува средства во заштита на богатото културно наследство и зачувување на автентичноста на архитектурата на градбите во мијачки крај, покрај тоа што редовно ја поддржува и манифестацијата Галичка свадба.Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која вчера присуствуваше на 43. Галичка свадба на која годинава младенци беа Сандра Станковиќ и Александар Ристески кои се венчаа во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник.
– Во моментов се работи на реконструкција и реставрација на куќата на Томовци, која до крајот на годинава треба да биде завршена. Исто така, се работи и проектот за непосредна заштита на црквата „Св. Петка“, а следната година ќе започне нејзината конзервација. На црквата „Св. Петар и Павле“, пак, Националниот конзерваторски центар изврши конзервација на дел од фрескоживописот, истакна Канческа-Милевска.Таа додаде дека минатата година беа издвоени средства со кои беше сменет дел од покривот на Домот на културата, а оваа година ќе биде завршен и останатиот дел.
Канческа-Милевска и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ беа меѓу повеќето илјади посетители од Македонија и од странство кои имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи кои започнаа од саботата и продолжија во неделата.
Таа им го честиташе бракот на младите, посакувајќи им многу среќа и истакнувајќи дека Министерството за култура традиционално ја дава својата поддршка за реализација на оваа значајна манифестација.
Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Во двата дена, беа претставени: канењето на сватовите, кумот, свекрвино оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи кои биле дел од свадбените веселби на мијаците во минатото.
Првото издание на Галичка свадба се одржало во 1963 година. Од 1990 година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која вчера присуствуваше на 43. Галичка свадба на која годинава младенци беа&nbs