СДСМ ништо не направи за својата држава. За нив културата е мисловна именка. Го видовме на дело нивниот однос и деструктивна политика и уништување на нашата сопствена култура и идентитет. Фарбаа споменици, демолираа палеа државни институции и ја сквернавеа нашата култура и држава, потсети од митингот во Кисела Вода, кандидатот за пратеник во ИЕ 1, Елизабета Канческа Милевска.-Тој што не ја почитува својата држава нема право ниту ќе има можност да раководи со иднината на Македонија. Доста ни беше од манипулациите на СДСМ. Македонските национални интереси на се на продажба тоа треба да го сфати СДСМ и Заев. Зошто од друга страна има народ тоа е горд македонски народ кој секогаш ги бранел и ги брани македонските национални интересни. Народот памети и не заборава, порача Канческа-Милевска.
Горда сум што потекнувам од општина Кисела Вода, граѓаните на Кисела Вода секогаш биле единствени, сплотени, имале храброст и волја за да ја стават својата иднина пред се и да им кажат не на оние кои што не чувствуваат ништо кон својот јазик, историја, народот и нација, Канчевска-Милеска.
-Во областа на културата отворивме 1700 нови вработувања, а платите на уметничкиот кадар се зголемија за цели 60 проценти, воведовме национални пензии, ја воведовме титулата национален уметник со која ја наградивме работата на нашиот национален уметник. Кај младите генерации и во иднина ќе ја развиеме свеста за љубовта кон државата, историјата, нацијата и културата, во изминатиот период со максимална посветеност успеавме да ја оправдаме својата работа и застанавме очи очи со својот народ преку својот отчет. Инвестиравме во сферата на образованието, младите и спортот, социјалниот живот, економијата и имавме цел да ја намалиме невработеноста. Ние покажавме што значи да се сака својата култура, во изминатиов период се изгради Македонскиот народен театар, археолошкиот музеј, спомен куќата на Тоше Проески, спомен куќата на Мајка Тереза, музејот на вода во Охрид, театарот во Велес и многу други проекти, потенцираше Канчевска-Милеска.
Таа исто така вети дека во иднина ќе се изгради нов театар комедија, ќе се реновира универзалната сала, ќе се гради нов театар на местото на Драмскиот театар, ќе се заштитуваат црквите, џамиите, амовите и ќе се истражуваат нови археолошки пронајдоци.
-Тука во Кисела Вода се изгради и новиот дом на културата на местото на старото кино кое ќе се користи за најразлични културни манифестации, рече Канческа-Милеска.
-Тој што не ја почитува својата држава нема право ниту ќе има можност да раководи со иднината на Македонија. Доста ни беше од манипулациите на СДСМ