Во рамки на средбите со граѓани кои високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат со граѓаните низ Македонија, вчера во Гевгелија беше Елизабета Канчевска Милевска.На овие средби, граѓаните разговараат за нивните проблеми и предизвици, се со цел нивните идеи да станат дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во овој период до изборите како и до сега ќе остваруваме интензивна комуникација со нашите граѓани се со цел да ги потсетиме за сите оние мерки кои што ги презедовме и реализиравме во секој сегмент на општественото живеење. Проектите се со огромен број, мерките се со огромно значење и ефекти, појасни Канчевска Милевска.
Невработеноста, потсети таа е намалена на рекордно најниско ниво.
-Падот на невработеноста во Гевгелија е од 20 на 10%. Спроведени се и голем број на мерки во делот на образованието, земјоделието, здравството, културата. Во Гевгелија се реализираа голем број на проекти во делот на инфраструктурата. Гевгелија беше и „Град на културата“ за да се потврди богатата историја и култура која ја поседува градот. Целосно се обнови фасадата на библиотеката која што е споменик на културата, вели таа.На овие средби, граѓаните разговараат за нивните проблеми и предизвици, се со цел нивните идеи да станат дел од предизборната кампања на ВМРО