Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ денеска го посетија манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, каде се сретнаа со митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф.Во рамки на посетата министерката Канческа-Милевска најави три активности за заштита на дел од спомениците на културата во ова важно духовно, културно и историско седиште во тетовско како обновување на внатрешноста од конаците, отстранување на влагата од црквата „Света Богородица“ и обнова на старата манастирска црква што се наоѓа на два километри од манстирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во правец на планинското село Варвара.
Проектите ќе ги спроведува Националниот конзерваторскиот центар за заштита на спомениците при Министерството за култура и тие ќе се подготват во текот на оваа година, а со реализирање треба да се почне на почетокот од следната година. На црквата „Света Богородица“ каде претходно е реставриран фрескоживописот, уште ова лето ќе се интервенира во заштита на нејзината архитектура каде се појавила влага додека на манстирскиот конак досега е обновена фасадата и покривната конструкција, пренесе МИА.
-Согласно барањата на владиката испочитувани се сите тие барања во делот на изработката на самиот проект. Во проектот ќе има реновирање на сите простории, вклучувајќи ја и црквата се разбира, спомен собата на Кирил Пејчиновиќ и сите оние пропратни содржини што се внатре во самиот конак, изјави министерката Канческа- Милевска.
Благодарност до надлежните институции за преземените активности упати надлежниот митрополит на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА, г. Јосиф.
– Лешок е срцето на нашата епархија. Дај Боже набрзо во овој манастир да заживее монашкиот живот и манастирот да ја добие вистинската смисла за она што е, рече г. Јосиф.
Министерката Канческа-Милевска најави дека ќе продолжат и останатите нивни проекти во тетовско, како што е изградбата на новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово, поврзувањето на Шарената Џамија со амамот со мост, археолошките и работите на конзервација и реставрација на тетовското кале и отпочнување на слични активности и на Лешочкото кале, како и подршката на многуте сценско- музички, тетарски и фолкорни активности во регионот.
Во однос на оштетувањата на дел од спомениците во Скопје за време на протестите во изминатиот период министерката Канческа-Милеска најостро ја осуди таа постапка на уништување на нашето културно наследство пред се на нашиот идентитет.
Според неа, треба да се почитуваат сите вредности без разлика дали се создавани во изминатиот период, сега или во иднина и сите ние треба да дадеме придонес кон зачувување на нашето културно наследство, на нашата култура, на нашиот идентитет, а не да одиме во насока на уништување.
– Јас сум горда на сето она што го поседуваме како историска вредност, како уметничка, како културна вредност и навистина сакам да изразам огромна благодарност за функционирањето на нашите институции и на сите вработени и сите уметници кон почитувањето на нашите историски и културни дела. Сметам дека треба да одиме во насока на негување на сето она што го создаваме и сите да одиме во таа насока на негување, на почитување, на валоризација, на вреднување бидејќи сепак без разлика дали нешто е создавано во претходните генерации, во сегашните и во идните, треба да продолжиме во таа насока на зачувување на она што го имаме, рече Канческа-Милевска, пренесе МИА.Во рамки на посетата министерката Канческа-Милевска најави три активности за заштита на дел од спомениците на културата во ова важно духовно, култу