Канческа-Милевска: Во СЈО го потенцирав законското работење на Министерството за култура

Во Специјалното јавно обвинителство денеска на распит беше министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
 По завршувањето на распитот Канческа – Милевска изјави дека била повикана во својство на сведок, не потенцирајќи за кој предмет.
– Сакам да го изразам моето задоволство за поканата во СЈО каде што можев да го истакнам и да го потенцирам законското работење на Министерството за култура, рече Канческа-Милевска.
Министерката за култура посочи дека не е овластена да дава изјави за предистражните постапки бидејќи се тајни и додаде дека засега нема најави дали повторно ќе биде повикана во Специјалното јавно обвинителство.По завршувањето на распитот Канческа – Милевска изјави дека била повикана во својство на сведок, не потенцирајќи за кој предмет.

Пронајдете не на следниве мрежи: