Ниту компанијата може да работи без претходно да го добие тендерот, ниту може некој да му помогне на некој, согласно Законот, да добие некоја јавна набавка, истакна во емисијата „Радио Полиграф“, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.Таа појасни дека Законот за јавни набавки е точно прецизиран и јасен и оти Законот е испочитуван од ресорното министерство, не само за овој проект, туку и за сите проекти во програмата на министерството.
-Сите овие обвинувања од страна на Специјалното Обвинителство, одговорно ги отфрлам во целост, посочи Канческа- Милевска, додавајќи дека Прес-конфенцијата на СЈО е класичен пример на политичко дејствување и работење на Специјалното Јавно Обвинителство.
Во врска одлуката на здружението за заштита на авторски музички права за забраната за пуштање македонска музика во етерот, министерката за култура вели дека е незаконска.
Посочи и дека Министерството за култура ќе мора да ја одземе лиценцата за работа доколку не се отстранети забелешките од страна на ЗАМП во рок од 60 дена, а тој рок е веќе поминат.
Таа појасни дека кога едно здружение ќе добие дозвола за работа, тоа мора да ги штити првенствено правата на авторите и да работи за нив. Канческа-Милевска истакна дека не држи оправдувањето на ЗАМП дека има уште едно здружение и појасни дека Законот предвидува оти ако постои едно или повеќе здруженија за едно право, едното здружение врши наплата, а другото е тарифник.
Според нејзе, доколку двете здруженија не се договарат, а како што рече, тие мора да работат како сојуз, тогаш пресекува комисијата посредување.
Министерката вели ваква одлука може да се донесе само доколку некој го повредил правото на авторот, на пример доколку корисниците не плаќаат, но појасни дека како што била информирана, корисниците уредно плаќаат.Таа појасни дека Законот за јавни набавки е точно прецизиран и јасен и оти Законот е испочитуван од ресорното министерство, не само за овој проект,