Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев и Васил Пишев денеска остварија средба со здравствените работници во Струмица, каде се разговарало за здравствената политика.На средбата на која присуствуваа голем број на здравствени работници, беа презентирани и новите мерки кои се предвидени во програмата „Релано“.
-Со силна динамика ќе се продолжи со реформите во здравството, опремувањето и реконструкциите во болниците и итака натаму.Сите знаеме дека здравствениот систем е еден од најважните столбови во програмата на ВМРО ДПМНЕ, така беше и пред тоа, а сега ќе биде со уште посилно темпо, рече Манчев.
Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестираше над 100 милиони евра во здравството, набавени се најсовремени медицински апарати во јавните здравствените установи. Конкретно во Струмица се набавени 125 нови апарати. Се гради нов државен клинички центар во Скопје. Се изгради новата болница за детски болници во Козле.
Изграден е нов ПЕТ центар за рана дијагноза на малигни заболувања.Набавени се многу магнетни резонанси, компутерски томографии, ехо апарати, мамограхи, хирушки сали.. Предвидени се нови вработувања во здравството, се зацврствуваат капацитетите во јавното здравство.
-Продолжуваме со обука на нашиот кадар и упатување на специјализации во најиминентните здравствени установи, заклучи Манчев.На средбата на која присуствуваа голем број на здравствени работници, беа презентирани и новите мерки кои се предвидени во програмата „Релано