Кандидатите за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4, Ане Лашкоска, Димитар Стевананџија и Гордана Тошеска, заедно со актуелниот градоначалник Марјан Ристески и членовите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп, утринава го посетија манастирот Свети Архангел Михаил, во населбата Варош, кој денеска го одбележува својот патрон празник.Ане Лашкоска кој е актуелен кандидат за пратеник во ИЗ 4, посочи дека во изминативе години културата беше еден од преоритетите на ВМРО-ДПМНЕ:
„Го изградивме новиот конак на источниот дел од комплексот, се изградија монашките конаци на манастирот „Зрзе“ до истиот манастир изградивме и пат, започна изградбата на опожарените конаци на манастирот Трескавец, проект кој чини 217. 000. 000 милиони денари, а во овој манастир се работи и на подготовка на проектот за реконструкција на црквата, старата трпезарија, магерницата и магерничкиот конак, нови конаци како и реставрација на дел од фрескоживописот доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово.
Лашкоска во својата изјава најави многу капитални проекти поврзани со развојот на градот Прилеп како што се реконструкција на старата градска чаршија и изградба на нов театар во Прилеп.
Актуелниот градоначалник Марјан Ристески од редовите на ВМРО–ДПМНЕ го честита празникот изразувајќи ги своите желби за добро здравје благосостојба и напредок.
Градоначалникот Ристески посочи дека овој манастир кој има историско- културна димензија со изградбата на новиот источен конак, доби уште поавтентичен изглед и ќе биде вистински предизвик за многуте туристи.Ане Лашкоска кој е актуелен кандидат за пратеник во ИЗ 4, посочи дека во изминативе години културата беше еден од преоритетите на ВМРО-ДПМНЕ: