Кандидатите за пратеници од владејачката коалиција срдечно пречекани од граѓаните во втората изборна единица

Одлични коментари, поддршка и прием од страна на граѓаните за Изборна програма „Реално“, која беше доставувана до повеќе домови во втората изборна единица.Изборната програма на 500 страници со проекти и конкретни рокови за реализација во наредните четири години, која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска наиде на одлични коментари и позитивни зборови.
Покрај доставувањето на програмата „Реално“, кандидатите за пратеници во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, остварија и директни контакти и разговори со граѓаните.
Инаку, во програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ дел од проектите се за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста.
И носителот во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска беше на терен и презентираше дел од проектите опфатени во програмата „Реално“, за која рече дека е најобемна и најкавлитетна програма презентирана на македонската политичка сцена и која нуди проекти и решенија.Изборната програма на 500 страници со проекти и конкретни рокови за реализација во наредните четири години, која вчера ја промовираше лидерот

Пронајдете не на следниве мрежи: