Порталот „TE SHESHI“ од Албанија, објави интервју со кандидатот за пратенк Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ од коалицијата „За подобра Македонија“ со интересен наслов: Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ, кандидат на Бошњаците во Коалицијата со Груевски: Зошто сум во „десница“, а не во „левицата“ на Заев.Интервјуто го пренесуваме во целост.
Вие сте еден од ретките, да не речеме единствениот Бошњак, ако не грешам кој од едно Здружение за обединување на Бошњаците е дел од листата на кандидати за пратеник на ВМРО и Коалицијата за подобра Македонија. Како успеавте да се најдете на оваа листа?
Точна Ви е констатацијата, единствениот кандидат за пратеник Бошњак во Коалицијата за подобра Македонија. Но, она што е далеку поважно, јас сум единствениот кандидат за пратеник Бошњак кој ги претставува Бошњаците на овие избори. Освен во Коалицијата, на сите други кандидатски листи имаме неколку Бошњаци кои или премолчуваат или јавно кажуваат дека не ги претставуваат Бошњаците, така да во другите опции Бошњаците немаат свој претставник. Конкретно, мислам дека прашањето Ви е премногу едонставно поставено и бара далеку покомплексен одговор или сметате дека пратеник се станува со покана од лидер на некоја политичка партија. Видете, целиот свој живот учам, се образувам, едноставно се надоградувам. Во целиот тој процес, работев на афирмација и промоција на Бошњаците, дури и најголем дел од својата научно – истражувачка работа ја посветив на својата заедница, со цел да се намали дефицитот од стручна и научна литература и да не се заборави историјата и процесите врзани за Бошњаците на овие простори. Ова мислам дека долгорочно гледано е од исклучително значење. Исто така, гледајќи дека и покрај многуте политички партии на Бошњаците, Бошњаците не беа доволно добро организирани се вклучив преку невладиниот сектор во многу проекти, од кои на голем дел бев и иницијатор и работевме многу, пред се од областа на културата, образованието, спортот, издавање на книги на босански јазик, човекови права и многу други проекти. Без политички амбиции, едноставно сакав да направам нешто за својот народ. Сепак, мојот ангажман беше повод за група граѓани на локалните избори да ме предложи за советник во Општина Петровец, и ја добив подршката од народот. Тоа ми беше мотив да продолжам уште поинтензивно. Во сите проекти имавме соработка и подршка од поединци, но и од организации и институции. Големо разбирање и подршка имавме и од институциите на локалната и централната власт предводени од ВМРО ДПМНЕ, кои максимално ги подржуваа сите процеси врзани за подобрувањето на положбата на Бошњаците и нивна потполна интеграција во општеството. Поради сите активности ние станавме интересни за различните политички субјекти. Почнавме преговори, со кои Здружението за културно обединување на Бошњаците од Република Македонија и ВМРО ДПМНЕ потпишаа Меморандум за соработка со цел, како што кажав интензивирање на процесите врзани за подобрување на статусот на Бошњаците во Република Македонија.
Зошто одбравте да коалицирате токму со ВМРО-ДПМНЕ. Беше ли ова и волја на граѓаните од бошњачката заедница кои ги претставувате или?
– Делумно одговорив во претходното прашање. Но, ќе бидам поконкретен и во одговорот ќе ги спојам и двете прашања. Бошњаците во Македонија не се доволно добро организаирани и поради тоа имаат многу различни стваови по различни прашања. Но, тоа не значи дека се разединети. Во завинсот од различни фактори, тие подржуваат различни опции и идеологии, но првенствено ги подржуваат бошњачките претставници. Најголем дел од Бошњаците гледаат реално на работите. Јас живеам на село, како и најголем број на Бошњаци во Македонија и знам што значи кога немаш квалитетен пат, канализација, водовод, соодветен напон на електрична енергија и сл. , кога луѓето се среќаваат со вакви проблеми нив не ги интересира некоја висока политика. Од друга страна, во зависност од локалната власт во некои средини повеќе, а во други помалку се работи и тука е причината што некои ја подржуваат или не подржуваат одредена политичка партија. Бидејќи, од друга страна немаме кандидат за пратеник кој ќе ги претставува Бошњаците, тие во ВМРО ДПМНЕ преку оваа Коалиција гледаат не некој кој им ја подал раката и едноставно гледаат во Здружението за обединување на Бошњаците и мене како кандидат за пратеник како најдобра опција за нив и истата ја подржуваат. Тоа се потврдува секојдневно на терен во средби со граѓаните. Од друга страна имаме концепт кој не нуди ништо и кој отиде дури и подалеку и ги прегази своите членови, членови на СДСМ, кои со години се борат за своите идеи и идеологија на партијата, како нивен избор. Но, морам да потенцирам некои работи кои Бошњаците ги знаат, но често имаме апсурдни ситуации. Бошњаците во Македонија и регионот воопшто важат и се добри верници, вистински муслимани. Дури и тие кои ги подржуваат левите опции и опциите на центарот. Морам да ги напоменам, со подршка на таквите опции тие индиректно ги подржуваат оние кои имаат дискутабилни ставови за религијата, за кои бракот не света заедница помеѓу мажот и жената туку нешто друго, кои го одобруваат абортусот, и многу други работи кои се косат со нашата вера и чување на традиционалните вредности, вредности кои ги застапуваат десните партии, каква што е и ВМРО ДПМНЕ. Исто така, најчесто подржувачите на СДСМ прибираат поени, ословувајќи ја ВМРО ДПМНЕ како национална, дури и полошо националистичка партија и сл. За што може да се дискутира, но тие упорно го сокриваат фактот дека најголемите негативни работи за Бошњаците и воопшто муслиманите се направени од страна на валста предводена од левичарските партии во Македонија. Дури и во регионот, како што е токму геноцидот врз Бошњаците во Босна и Херцеговина, па дури власта предводена од СДСМ го кршеше ембаргото врз Србија, со што индиректно ја помагаше агресијата врз Босна и Херцеговина. СДСМ исто така во 2004 год. направи територијална организација со која директно е одговорна за укинување на единствената општина Житоше која веќе имаше над 20% Бошњаци и не формираше друга таква иако имаше можности, а направи и прекројување на граници на други општини, а на штета на Бошњаците. Од друга страна имавме партнер кој прифати најголем дел од нашите барања од областа на образованието, културата, вработувањата и др., како и целосна подршка од централната власт на локалната за решавање на нфраструктурните проблеми кои се во нивна надлежност. Но, и партнер кој ги направи најголем дел од позитивните работи за нас, како што се: Бошњаци уставотворен народ, телевизиска и радио редакција на босански јазик во рамките на јавниот сервис, воведување на настава на босански јазик во основното образование, воведување на предмет Јазик и култура на Бошњаците во сите средини, каде ќе може да се формира паралелка со само 5 ученици, печатаење книги за тој предмет и многу други пороцеси кои се започнати и кои понатаму во континуитет ќе ги развиваме и надоградуваме.
Имајќи предвид дека сте 7-ми на листа, кои се вашите можности да станете пратеник, како се одвиваат настаните во оваа изборна единица моментално?
– Во Изборната единица 3, поради етничкиот состав досега на сите избори, а и сега, двете најголеми Коалиции предводени од ВМРО и СДСМ ги земаат пратеничките мандати. И во сите избори ВМРО ДПМНЕ е убедлив победник во оваа изборна единица со освоени 12 и повеќе мандати, а на последните избори ВМРО имаше 13, а СДСМ имаше 7 пратеници. Тоа е доволен показател за местото на Бошњаците за Коалицијата за подобра Македонија и високото 7 добитно место. И уште поважно ова е прв пат да во Изборната единица 3 има кандидат од бошњачката заедница на некоја од Коалициите на ВМРО или СДСМ и покрај фактот што по изборни единици во оваа изборна единица живеат најголем број Бошњаци. Тоа е доволна причина да Бошњаците ја подржат Колаицијата за подобра Македонија и таа подршка ја гледаме на терен. Секако важно е дека не подржуваат и Бошњаците од другите изборни единици, поради фактот што немаат друг претставник кој ќе ги претсатвува и кој ќе работи за нивните интереси. Во сите други средини подршката за ВМРО ДПМНЕ во оваа изборна единица е многу голема и очекувам голема победа на Коалицијата за подобра Македонија во оваа изборна единица.
Колку ВМРО ги почитува мултиетничките и мултирелигиозните стандарди?
– Република Македонија е мултиетничко и мултиконфесионално општество и ВМРО ДПМНЕ како носител на власта во Коалиција со ДУИ и помалите партии го развива тој концепт врз основа на Уставот и законите во Република Македонија. Во највисоките структури на партијата имаме различни етнички заедници со различна религија, а на листите на добитни места се торбеши, бошњаци, турци, роми, срби, власи и др. За разлика од СДСМ каде истите се на гранични или недобитни места. Она што за мене е од исклучително значење е што од страна на ВМРО ДПМНЕ имаме максимална подршка и разбирање за сите отворени прашања значајни за Бошњаците. Во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека е од исклучително значење развојот и чување на идентитетот на етничките заедници со помал број и тоа го препознаваат најзначајните политички субјекти и организации кои скоро сите се во Коалиција за подобра Македонија. Од друга страна кандидатите за пратеници од албанските партии кои ќе добијат најголема подршка од Албанците ќe имаат одговорност освен за својата заедница, да работат максимално и за потребите на помалите по број етнички заедници со цел воспоставување на квалитетни мултиетнички и мултирелигиозни стандарди.
А зошто претседателот на ВМРО, Никола Груевски инсистира да земе 63 пратеници?
– Како дел од Коалицијата, сметаме дека е исклучително важно да освоиме што е можно поголем број на пратеници. Не гледам, зошто е толку важно вака поставеното прашање, зато што било која друга политичка партија се стреми и работи на терен со цел да ги придобие сите гласачи и да ги добие сите мандати. Со оглед на важноста на дадениот момент и политичката криза која веќе предолго трае и направи огромна штета врз сите општествени процеси и квалитетот на живеење воопшто, сметам дека е многу битна подршката од граѓаните за да се стави крај на истата. Верувам дека Коалицијата за подобра Македонија ќе има голема победа.
Колку ке влијаат “бомбите” на Зоран Заев кај граѓаните во Република Македонија за да им свртат грб на ВМРО после тие објавени криминални разговори на високи функсионери од оваа партија?
– Што се однесува до т.н. „бомби“ на Заев, тие направија штета не врз ВМРО ДПМНЕ, туку направија најголема штета пред се врз Македонија и сите нејзини граѓани. Проблемот е што останаа многу неодговорени прашања и недоследности во врска со незаконски снимените разговори. Но, како претставник на Бошњаците, како што наведов погоре имаме причини според кои ВМРО ДПМНЕ е далеку подобар сојузник на Бошњаците и во време кога тие биле на власт се направени сите позитивни работи за нашата заедница. Нашите позиции се јасни и подобрувањето на статусот на Бошњаците оди само во прилог на демократизацијата, мултиетничноста и мултикултурата на нашата држава.
Како би ја коментирале ситуацијата на СДСМ која промовира високи мултиетнички стандарди, дури и двојазичност, само да зима што повеќе албански гласови?
– Искрено ситуацијата која што ја споменувате и не промовира високи мултиетнички стандарди, особено начинот на кој се пласира. Очигледна е намерата, а тоа е манипулација со гласачите Албанци. Знаејќи го и практикувањето на власта од страна на СДСМ во минатото, таа само ќе го зголеми јазот помеѓу побројните етнички заедници и нивниот однос со Турците, Бошњаците, Ромите, Србите, Власите и другите заедници. Мене лично ми е смешно , да покрај толку политички субјекти на Албанците, СДСМ да бара поголеми права за Албанците и уште да тврди дека ќе земе најголем дел од гласовите на Албанците. Мислам дека со тоа се отворија многу непотребни прашања, а со оглед на положбата и односите во и надвор од Македонија, дури и опасни тези за нашата заедничка татковина Македонија. Се работи само за проѕирен обид за манипулација, кој веќе е препознаен од Албанците.
И на крајот, како ги гледате албанските политички партии. Со кои од парламентарните, односно новоформираните албански партии најмногу се соовпаѓаат ставовите на ВМРО?
– Добро е што има раздвижување во условно кажано албанскиот политички блок, тоа е добро пред се за Албанците, не дека многу се разликуваат во политичката понуда, но мислам дека конкуренцијата ќе ги натера, без разлика за која политичка партија се работи да работат повеќе за доброто на Албанците и сите граѓани на Република Македонија. Што се однесува до другиот дел на прашањето, мислам дека со оглед дека се наоѓаме во екот на изборната кампања, кажани многу работи, создадена е една слика која најчесто не ја одразува реалноста. Така да, од таа перспектива има разлики, но народот ќе ја даде подршката на оние кои најмногу ќе им верува, а лично верувам дека сите ние имаме една заедничка цел, а тое е успешна и просперитена Македонија интегрирана во Европската Унија и НАТО.Интервјуто го пренесуваме во целост.
Вие сте еден од ретките, да не речеме единствениот Бошњак, ако не грешам кој