Канибалистите се на седмо небо: Дали би пробале хамбургер од човечко месо?

Loading...

Сите оние кои би сакале да ги пробаат овие хамбургери треба внимателно да ги следат објавите на Твитер, каде што ќе биде објавена и точната локација за тоа каде би можеле да се купат и за која цена.Доколку мислевте дека сте ги пробале сите можни комбинации на хамбургери, се излажавте. Еве една револуционерна идеја – хамбургери со вкус на човечко месо.
Секако дека не станува збор за вистинско човечко месо, туку за комбинација која наводно го доловува вкусот. Контроверзниот „канибал“ бургер го потпишува екипата „Мешд“, пренесува порталот Вајс.
Она што е загрижувачко е како тие го знаат вкусот на човечкото месо? – Еве го одговорот.
Екипата што го креираше „канибал“ хамбургерот ги истражуваше сведоштвата на вистинските канибалисти, вклучувајќи ги и истражувањата на новинарот Вилијам Сибрук, кој вкусот на човечкото месо го опишал како „зрело и не премногу младо телешко кое се уште не наликува на говедско“.

По многубројни експериментирања, екипата на „Мешд“ заклучи дека комбинацијата на свинско, телешко, пилешки џигер и коскена срж, даваат најдобра реплика на вкусот и текстурата на човечкото месо.
За да не ве заплашуваме, ова всушност е дел од промотивната најава на петтата сезона на серијалот The walking dead, чија премиера е најавена за 12 октомври.
Доколку мислевте дека сте ги пробале сите можни комбинации на хамбургери, се излажавте. Еве една револуционерна идеја – хамбургери со вкус на

loading...
Loading...