Кањизарез: Роналдо заминува во ПСЖ

Доколку одлучи да го напушти клубот, следната дестинација на Роналдо најверојатно би била Париз Сент Жермен, изјави Сантијаго Кањизарез, поранешниот голман на Валенсија и Реал Мадрид.
Кањизарез вели дека Роналдо е премногу разочаран од фактот што Реал Мадрид постојано губи од Барселона, португалецот тој веќе не можел да го поднесе.
„Кристиано е уморен од порази од Барселона. Тој многу е разочаран. Откако пристигна во клубот, само еднаш го освои првенството. Премногу е тешко да се губи од Барселона постојано“ изјави Кањизарез.
„Доколку го напушти Реал Мадрид, мислам дека ќе се пресели во лига каде не играл до сега, во Англија веќе освојуваше титули, а не верувам дека ќе замине во Манчестер Сити или Челзи, мислам дека неговата следна дестинација би била Париз Сент Жермен“ вели Кањизарез.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Доколку одлучи да го напушти клубот, следната дестинација на Роналдо најверојатно би била Париз Сент Жермен, изјави Са

Пронајдете не на следниве мрежи: