Капетанот на корејскиот брод: Жал ми е, мислев дека патниците ќе ги одвлече струјата

Ли Џун-Сеук (69), капетанот на корејскиот траект кој се преврте пред неколку дена, не ги евакуирал патниците на време. 29 лица веќе се потврдени како починати, 174 се спасени, а се трага по уште 273.Капетанот и уште двајца негови помошници беа уапсени како главни осомничени за несреќата. Иако му било сугерирано веднаш да ги евакуира патниците, капетанот чекал речиси 30 минути.
Џун-Сеук се правдаше дека не сакал патниците да скокнат в море и да ги одвлечкаат јаките морски струи. Тој решил да ги почека спасувачките екипи, но нив ги немало подолго време а бродот веќе почнал да тоне.

Капетанот ќе биде обвинет за негрижа на работното место и кршење на поморските заокни.
Се уште се истражуваат причините поради кои пред три дена се преврте корејскиот траект. Постојат две теории: или дека капетанот направил многу нагло свртување, или пак дека бродот удрил во карпа.
Капетанот и уште двајца негови помошници беа уапсени како главни осомничени за несреќата. Иако му било сугерирано веднаш да ги евакуира патниците,

Пронајдете не на следниве мрежи: