Капитални инвестиции во македонскиот здравствен систем. Милиони евра се вложуваат во капацитети кои значат подобра здравствена услуга и фаќање чекор со светските практики.Во Скопје, во Градската општа болница „8 Септември“ почна да се гради бункерот за најсовремен линеарен акцелератор. Во изградбата се вложуваат 50 милиони денари, додека набавката на акцелераторот тежи над 2 милиона евра.
„Акцелераторот е веќе набавен. Технологијата на работа налага прво да се набави акцелератор, да се знае каков е тој, а потоа врз основа на тоа се прави посебен елаборат и се почнува проектирање. Идејата е сите акцелератори да бидат поврзани со комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ – вели вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров.
Акцелераторот треба да почне да функционира во втората половина на 2018 година, со што комплетно ќе се промени сликата во делот на зрачната терапија. Веќе е направено многу, значително е намалено времето на чекање, пациентите не се праќаат во странство како порано.
„Ќе биде многу од значење за пациентите кои ќе имаат потреба да доаѓаат тука. Дополнително ќе се растерети целата ситуација. Во моментот нема некоја долга листа на чекање. Листата на чекање е многу кратка, три дена, за разлика од 2005 година кога била по повеќе месеци“ – објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Периодот на изградбата ќе се искористи за да подготовките за формирање посебно онколошко одделение во ГОБ „8 Септември“.
Комплетно се менува сликата во здравството
Сликата во здравството комплетно се менува. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во нови капитални објекти, се градат клинички центри, се обновуваат болниците и здравствените домови, се набавува и инсталира нова апаратура, лекарите одат на обуки во странство, медикаментите стануваат подостапни.
Веќе е објавен тендерот за изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“. Целата инвестиција за модернизирање на кампусот и опремувањето тежи 128 милиони евра.
„Новиот Клинички блок е проектиран со вкупно 855 кревети, од кои 720 кревети за болничка нега, 101 кревет за дијагностички функции, интензивна нега и рехабилитација и 34 кревети во дневни болници“ – вели Тодоров.
Се работи за проект од непроценливо значење за јавниот здравствен систем, бидејќи низ комплексот на скопските клиники годишно минуваат над 800.000 посетители, а се лекуваат околу 75.000 пациенти.
„Ова е еден од проектите кои сведочат дека доколку се биде упорен и се верува, успехот е неизбежен. Ние ќе продолжиме да го реализираме ветеното, да се бориме за секое ветување кое сме го дале пред граѓаните и заеднички да градиме, наспроти деструкцијата, конфликтноста и продуцираните кризи од нашите политички конкурентни“ – порача Груевски.
Паралелно, во Скопје се реконструира и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, со нова интензивна нега, пет модерни операциони сали, лифтови, обнова на собите.
Инвестиции од непроценливо значење
Набавка на возила за итната помош, 100 милиони евра во нова опрема и апаратура, во томографи, магнентни резонанци и ангиографи, државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, новиот објект во Козле, едукација на лекарите во странство, ПЕТ – Центар, долга е листата на реализираните проекти во здравството.
„Претходно, за детската кардиохирургија не се ни говореше, тоа за овие простори беше како научна фантастика. Но, од 2013 веќе го имаме проектот за детска државна неонатална кардиохирургија“ – вели директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.
Во овој момент се реализира најголемата инвестиција во здравството кога е во прашање Источна Македонија. Се гради новиот Клинички центар во Штип. Инвестицијата е вредна 30 милиони евра. Уште 26 милиони евра ќе се вложат во опрема.
Центарот е поделен на 8 нивоа, поврзани со лифтови, ќе располага со 350 легла и ќе покрива околу 200.000 пациенти од овој дел на земјава.
„Влада ги исполни сите ветувања кои беа дел од изборната програма. Како што гледате, автопатот Велес – Штип се гради, изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково е во завршна фаза, тука се и експресните патишта Штип – Кочани и Штип – Радовиш. Имаме инвестиција од над 300 милиони евра во штипскиот и источниот регион“ – вели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Инвестициите се бројат во милиони евра.
„Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој го ползуваат пациентите. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален доктор и мобилни аптеки, со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најоддалечените рурални средини“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Извор: Лидер.мкВо Скопје, во Градската општа болница „8 Септември“ почна да се гради бункерот за најсовремен линеарен акцелератор. Во изградбата се вл