Рај за љубителите на овошни торти.Состојки:
За тесто:
9 белки
15 лажици шеќер
12 лажици мелени ореви или лешници
1 лажица брашно
½ прашок за пециво
За црвен крем:
450 гр замрзнати јагоди или вишни
30гр шеќер
1л вода
2 пудинга од јагоди
300гр шеќер
1 желатин
5 лажици вода
За жолт крем
9 жолтки
150 гр шеќер
3 лажици густин
3 лажици брашно
½ л млеко
200 гр маргарин
За чоколаден прелив:
100гр чоколадо за готвење
50гр маргарин
6 лажици масло за готвење
Подготовка
За тестото изматете ги белките додека не добиете цврст снег. Потоа додадете го шеќерот и на крај со лажица измешајте го брашното, пецивото и оревите. Смесата префрлете ја во тавче за печење и печете на 180 степени 5 минути.
За црвениот крем, загрејте ја водата со шеќерот, додадете ги јагодите и оставете да проврие за јагоите да се стопат до крај. Со лажица иситнете ги да не бидат прекрупни. Пудинзите и желатино измешајте ги со 15 лажици вода и додадете ги во смесата со јагодите. Варете додека не се згусне. Постепени изладете ја смесата и повремено мешајте за да не се созаде коричка.
За жолтиот крем измешајте ги жолчките со шеќерот, ванилата, густинот и брашното, додадете околу 150 гр млеко а останатото налијте го во сад и зовријте го. Додадете ја смесата со јајцата со постојано мешање додека не добиете густа смеса. Во изладената смеса додадете го изматениот маргарин.
На крај стопете го чоколадото заедно со маргаринот и маслото.
Тестото исечете го на половина и тортата филувајте ја п следниот редослед: тесто- црвен крем- бел крем- чоколаден прелив (во тенок слој). Повторете ја постапката и на крај декорирајте со шлаг крема.Состојки:
За тесто:
9 белки
15 лажици шеќер
12 лажици мелени ореви или лешници