Македонската политика стана безграничен простор на халуцинации, привиденија, месијанистички бладања, и отровни лаги. Прво за халуцинациите. Откако Заев се изнаприкажа се и сешто само и само да им ги задоволи апетитите на Албанците во земјата, почна процесот на напад кон сите Македонци и останати етнички заедници дома и во дијаспората дека се кабает што не успеале да го разберат неговото бладање во говорна форма.Демек Заев не кажал ниту збор за кантонизација на Република Македонија. Тоа да ти било измислица која чучела во главата на Груевски, и во главите на повеќе милиони загрижени граѓани. Тие, всушност, погрешно го разбрале ова Заево „патриотско“ вознесение во Берн. Демек Заев, пак, како и обично не бил добро разбран од никого. Кога велел кантонизација на државата, Заев да ти мислел на конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. И сите што го слушнале запењавениот Заев од Швајцарија како, според негово мислење, е супер организирана државата каде секое село си се самоуправува, и каде постојат политипни општини со „понапреден систем на самоуправување“, детално опишани во програмата на неговата партија како „демократски изум“ кој нуди зголемени надлежности на локалната полиција за одржување на јавниот ред!?, всушност, сите тие халуцинирале, бладале и измислувале лоши приказни за да му наштетат на имиџот на лидерот Заев.
Заев и Љамалари, ви се молам никогаш не разговарале за кантонизација и федерализација на Република Македонија. Заев и Касами никогаш не договарале двојазичност и кантонизација на државата. Тоа се несмасни лаги, тоа се измислици кои си ги создава самоиницијативно Груевски со кои тој и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да му нанесат зло на Заев.
Заев и албанските лидери никогаш и никаде не збореле за кантонизација на државата, туку се договарале за конфискација на имотот на челниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие не збореле за тесната рамка на Охридскиот рамковен договор која мора да се надмине и да се оди преку неа, тие не збореле за потребата да се менува Уставот во земјата, бидејќи според Заев, Уставот е повеќе од либерален и напреден. Ова се лаги што Груевски му ги ампутира на Заев за да го дискредитира.
Заев никогаш и со никого не зборувал за двојазичност на цела територија на државата. Заев никогаш и со никого не зборувал за редефинирање на Република Македонија. Тоа се измислици кои му стигнуваат од кујната на „диктаторот“.
Единствената вистина е дека Заев зборувал со Албанците за моделите по кои ќе се изврши конфискација на имотите на клетите вмровци кои не му даваат сон на Заев, и за квалитетот на рамката на Рамковниот договор и на Уставот по однос на ова прашање. Се друго е тешка лага. Неколку милиони луѓе ништо не разбрале.
Трите фази на проектот кантонизација на државата, лично и персонално објаснети од Заев, всушност, да ти биле три фази на конфискација на украденото, вклучително и украденото што сега е дел од имотот на фамилијата Заеви. Конфискацијата на украденото по планот на Заев и албанските лидери мора да се однесува на сите и на секого. Тоа го пишува во Уставот на земјата. Кантонизацијата е поим изгубен во преводот на Заевата конфискација. Е, токму таа конфискација на украденото ќе се одвивала во три фази, со тоа што првата фаза, планирано е да започне од фамилијата Заеви, па натаму. Под украдено во поширока смисла се мисли и сето она што Заев политички го ветил на Албанците без граѓанска согласност. Секое прашање од национално значење што беше ставено во пазарот на Заев. Враќање на украдениот македонски идентитет, враќање на украдените македонски интереси, враќање на украдените македонски вредности.
Првата фаза од конфискацијата е замислена како враќање на државата и нејзините интереси од пазарот на Заев.Расфрлањето со милионите евра и со велепредавничките предлози за растурање на државата, наводно да ни биле привидение на сите нас кои нечесно сме му ставале зборови во мислите на чесниот Спасител. Масовниот поткуп на гласачи по џамии со криминални пари, всушност, да бил дел од планот на Заев и неговите потрчковци за конфискација на имотите на „диктаторите“. Колку поголем примен поткуп од Заев и фамилијата за процесот на конфискацијата, толку поголем влог во успехот на проектот национална конфискација. Ете тоа да ти бил вистинскиот и главниот план на Заев за овие избори. И токму затоа, додека не поминат сите три фази на конфискација на украденото, никој не смее да коалицира со Заев.
Затоа и Али денес ги собра сите албански лидери во земјата на ручек. Да се постигне договор прво да се спроведе враќање на она што Заев ни го украде на сите нас пред нос, а кое има непроценливо национално значење, потоа да се направи конфискација на имотот на фамилијата Заеви, па дури потоа да се формира новата влада во земјата.
Фер проект за крај на кредибилните избори. Демек Заев не кажал ниту збор за кантонизација на Република Македонија. Тоа да ти било измислица која чучела во главата на Груевски, и во главите н