Игор Карачиќ е еден од најдобрите стрелци во ракометниот клуб Вардар.26-годишниот Хрват, стана идол на младите генерации во Македонија. Тој, заедно со својот тим, силно ја поддржа кампањата на македонската Влада „Здравјето е избор“.
-Секако дека исхраната е многу важна. Не само за спортистите, туку и за сите луѓе. Јас како дете, а сигурно и денес момчињата и девојчињата не водат сметка за тоа, но како што растеме и во мојот случај со кариерата многу внимавам. Не е важно само да се бавиме со спорт и да се тргнеме од улица, туку важна е и исхраната.Гледаме дека доаѓа до многу проблеми од неправилната исхрана, рече Карачиќ за Курир.
Тој го искористи својот личен пример за на младите да може да им испрати директна порака за тоа колку е важно здравјето, особено кај младите.
-Преку спортот научив дека тоа ми дава поголема енергија и ми ја продолжува кариерата, па едноставно колку и да поминувам време на тренинг, секој ден си правам план и програм што да внесувам во својот организам за да имам повеќе енергија за натпревари и тренинзи.Тоа се природни ресурси кои мораме да ги користиме, да се внесува многу зеленчук, витамини. Ние имаме свој план и програм, кој ден протеини и јаглени хидрати, избегнуваме благи работи, газирани сокови… Сето она што е лошо за сите луѓе, не само за нас, спортистите. Се обидуваме што повеќе да го искористиме она што ни го дал Господ, додаде карачиќ во изјавата за Курир.26-годишниот Хрват, стана идол на младите генерации во Македонија. Тој, заедно со својот тим, силно ја поддржа кампањата на македонската Влада &bdq