Пратеничкиот имунитет во земјата многу пати до сега е злоупотребуван од страна на пратениците во опозицијата. Секогаш кога треба да се заштитат од сторени незаконски дејствија надвор од Собранието, пратениците на СДСМ без никаква правна основа, и без никаков срам се повикуваат на пратеничкиот имунитет, свесно злоупотребувајќи ја својата положба во системот. Со тоа покажуваат елементарно непознавање на парламентарното право, покажуваат колку немаат поим што точно значи, и од што може да ги штити пратеничкиот имунитет. Покажуваат и непочитување кон Уставот на РМ, кон Деловникот на Собранието, но и кон другите закони во земјата, вели универзитетската професорка по уставно право и политички систем Тања Каракамишева- Јовановска.Каракамишева- Јовановска смета дека најновиот вчерашен скандал на пратеничката Лидија Димова ја потврдува тезата колку пратениците од СДСМ намерно ја злоупотребуваат пратеничката функција кога треба да се заштитат од примена на законите во Република Македонија.
-Со вчерашното недолично и противзаконско поведение и однесување на пратеничката Димова, но во неколку наврати и на пратеникот Шилегов, се отвора прашањето до каде оди непознавањето на парламентарното право на пратениците на СДСМ, дали претседателот на Собранието не треба да размисли да им одржи стручна обука, да им даде стручна помош во форма на основна едукација во делот на парламентарното право на овие пратеници. Загрижува фактот колку пратеничката Димова не го познава Уставот на земјата, колку не го познава Деловникот на Собранието на РМ, колку не ја познава категоријата пратенички имунитет. Да имаше основни познавања од овие акти ќе знаеше дека пратеничкиот имунитет не ја штити од сторените прекршоци во сообраќајот, за кои полицијата вчера инфлагранти ја фати, ниту ја штити од сторените повреди на одредбите од Законот за јавен ред и мир. Тоа што пратеничката Димова вчера се повикала на пратеничкиот имунитет, бидејќи била свесна дека направила неколку прекршоци и повреди на законите во земјата, не ја ослободува од правната одговорност како граѓанин на Република Македонија. Ако мисли дека ќе се ослободи од правната одговорност, се лаже, вели Каракамишева- Јовановска.
Пратеничкиот имунитет во Република Македонија, додава таа, е прецизно дефиниран во Уставот на РМ. Тој се јавува во материјална и во процедурална форма. Материјалниот имунитет го штити пратеникот од кривична одговорност заради искажано мислење или свој став во Собранието, но и заради гласање во Собранието.
-Оваа форма на имунитет му дозволува на пратеникот слободно да го искажува своето мислење и слободно да гласа во Собранието за закони и други прашања, без да има страв дека за сето тоа ќе биде казнет. Секако, и материјалниот имунитет не е апсолутен. Пратеникот може да биде дисциплински одговорен ако недолично се однесува кон другите пратеници, кон претседателот на Собранието, но и ако не го почитува достоинството на Собранието. Материјалниот имунитет не го штити пратеникот за искажано мислење надвор од Собранието. За секое навредливо мислење, за секое незаконско делување надвор од Собранието, пратеникот е одговорен исто како и сите други граѓани, смета Каракамишева- Јовановска.
Од друга страна, додава универзитетската професорка, процедуралниот имунитет го штити пратеникот само од притвор.
-Значи, пратеникот не може да биде притворен без одобрување од Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Во таков случај, ако пратеникот е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, мандатот на пратеникот му престанува по сила на Устав. Процедуралниот имунитет го штити пратеникот само од притвор. За сите други сторени незаконски дејствија надвор од Собранието, пратениците подлежат на иста одговорност како и сите други граѓани. Тоа значи дека пратеникот не може да се повика на пратеничкиот имунитет за сторени прекршоци во сообраќајот, или за повреди на Законот за јавен ред и мир. Пратеникот и ако се повикува на имунитетот, како во случајот со Димова, имунитетот не важи во вакви случаи и пратеникот ќе си одговара за сторените прекршоци, заклучува Каракамишева- Јовановска.Каракамишева- Јовановска смета дека најновиот вчерашен скандал на пратеничката Лидија Димова ја потврдува тезата колку пратениците од СДСМ намерно