Пратеникот Талат Џафери очигледно дека ги измешал канцелариите. Кога влегол во кабинетот на претседателот на Собранието на РМ веројатно мислел дека влегува во неговиот приватен кабинет во Мала Речица каде може да си поставува албански знамиња на маса или да си ги закачува на ѕид колку што сака, вели професорката Тања Каракамишева-Јовановска.Дрското поставување две албански знамиња во кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од страна на пратеникот Џафери е уште еден доказ дека пратеников или не ги познава законите во РМ, или свесно манипулира и провоцира. Во Собранието на РМ, како претставнички орган на сите граѓани на РМ, не е дозволено да се поставуваат други знамиња освен Македонското знаме. Правната служба во Собранието на РМ е обврзана да му го прочита Законот за употреба на знамињата на заедниците во РМ од 2005 година, како и Измените и дополнувањата на тој закон од 2011 година на пратеникот Џафери и да му укаже дека со оваа провокација тој го повредува законот за што треба да плати парична казна од 4.000 евра, потенцира Каракамишева-Јовановска.
Согласно Законот, додава таа, знаме на етничка заедница може да се употребува само во органите на единиците на локалната самоуправа каде живеат најмалку 20% од припадниците на заедницата, во приватниот живот на припадниците на заедниците, при одржување на културни, спортски и други приредби, во денови на државни и други празници на РМ, во денови на празници на заедниците, при прослави, свечености од значење на локалната самоуправа, итн. со посебно утврден начин на истакнување на знамињата.
-Кога знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња мора да биде со поголема димензија од 1/3 од другите знамиња. Пратеникот Џафери мора да почне да ги почитува Уставот и законите на Република Македонија. Постапката за неговиот „избор“ уште не е завршена, истакнува професорката.Дрското поставување две албански знамиња во кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од страна на пратеникот Џафери е уште еден доказ дека пр