Постизборно дополнително се комплицираше ситуацијата и мислам дека час поскоро треба да се организираат нови парламентарни избори, зашто тие се нужност, нема друга излезна врата од оваа политичка криза освен нови предвремени избори заедно со локалните со цел да се покрие сѐ во еден трошок, но и со цел да имаме функционална локална самоуправа којашто ќе може да функционира онака како што треба, изјави универзитетската професорка Тања Каракамишева во синоќешното гостување во Отвореното студио на ТВ Нова.Каракамишева го коментира тврдењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој зборува за 700 илјади гласови коишто биле дадени на опозицискиот блок. -Не знам за кои гласови мисли, неговите се јасно утврдени, околу 400 илјади, вели Каракамишева.
-Дали албанските партии би прифатиле коалициска влада со Заев без тиранската платформа? Не, значи таа е уцената. Второ, дали ги смета оние гласови коишто не добија мандати? Тој што не добил мандат не можеш да го цениш дека е дел од твојот двор. Ти можеш да разговараш само на ниво на мандати, вели Каракамишева.
Нагласи дека СДСМ во моментот има 49 пратеници, сѐ друго е прашање на полиитчки калкулации, математики итн., при што албанските партии јасно и гласно кажаа, ако не се имплементира сѐ што е содржано во тиранската платформа, ќе размислат дали воопшто да коалицираат со Зоран Заев.
-Во таква ситуација, тоа е класична уцена, тоа е класично играње по некакви странски ноти, занемарувајќи ги целосно интересите на Македонија и на Македонците, дури и директно погазувајќи по интегритетот и достоинството на Македонецот, рече Каракамишева.Каракамишева го коментира тврдењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој зборува за 700 илјади гласови коишто биле дадени на опозицискиот блок. -Не