Каракамишева: Опозицијата продолжува да работи за странски интереси

Нормално е да се очекува дека граѓаните ќе реагираат и ќе бидат прилично сензитивни во однос на прашањето на изборните резултати коишто се нивна изборна волја, јас се надевам дека сето тоа нема да ескалира до состојба да не можеме да ги собереме потоа работите назад, вели Каракамишева во гостувањето на ТВ Нова.-Исто така мислам дека опозицијата наместо да го прифати изборниот резултат таков каков што е и наместо да не бара “после свадба тапани“, јас би рекла, и да се сконцентрира на она што претставува нормализација на односите бидејќи изборите беа круна на демократијата. Наместо да оди на тоа да се нормализираат работите и наместо да се фокусираме на она што претставува нормален тек, нормален живот во Република Македонија гледаме дека процесите некако повторно излегуваат од контрола, рече Каракамишева.
Каракамишева смета дека опозицијата продолжува да биде измеќар на странски интереси:
– Две и пол години им беше малку политичка криза на овие опозициски структури, но јас би рекла и на оние кои го исценираа целово ова сценарио бидејќи да се разбереме, СДСМ не е ниту кадарен, нема ниту моќ, нема ниту сила да го спроведе ова сценарио кое што е повеќе од јасно надворешно, кое што е повеќе од јасно кеширано од надвор, кое што е повеќе од јасно до детали прецизно, дури со филиграна прецизност се дефинирани некои работи како и чекори, како и што ќе се одвиваат така што мислам дека опозицијата наместо да се врати да живее во Македонија согласно изборната волја на граѓаните таа и понатаму продолжува да биде странска маша и понатаму дозволува да биде измеќар на странски интереси во Република Македонија и понатаму слепо, послушно ги слуша сите оние надворешни сценаристи кои им го дадоа сценариото во раце и кои фактички сега ги држат конците на нивна страна, односно цело време ги имаат како папети ставено во една улога дрвени кукли кои што треба да реагираат како што ќе им се свирне. Она што треба да го знаат токму тие опозициски челници кои сега сакаат уште повеќе да го закрват македонскиот народ е дека странските сценаристи се тука и си одат, дека македонските граѓани остануваат тука да живеат и дека тие се дел од македонскиот народ, претпоставувам, и покрај тоа што им е влезен ѓаволот во нив, сепак тие на крајот на денот ќе останат тука и ние треба да живееме сите заедно, смета Каракамишева.-Исто така мислам дека опозицијата наместо да го прифати изборниот резултат таков каков што е и наместо да не бара “после свадба тапани&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: