Јас лично не сум изненадена од развојот на настаните во Социјалдемократскиот сојуз, бидејќи ако повнимателно ги гледаме сите политички случувања коишто особено во изминативе две години беа поврзани директно и индиректно со Социјалдемократскиот сојуз, на крај овие пратенички листи доаѓаат како еден вид сублимат на сето она што се случуваше изминативе две години, изјави во интервју за ТВ Нова универзитетската професорка Татјана Каракамишева. „Имено, да не заборавиме дека Социјалдемократскиот сојуз и шарените револуционери постојано беа во директна координација и во директен дослух меѓу себе, така што ставањето под грижа на овие кадри коишто беа експонирани во таа т.н. „Шарена револуција“ од страна на Зоран Заев и на Радмила Шекеринска, воопшто не ме изненадува, напротив, сметам дека тоа е едно вистинско оддолжување за она што тие го направија во изминативе неколку месеци“, вели Каракамишева.
Професорката Каракамише потсети на секојдневното фарбање на главниот град Скопје, реметењето на движењето на сите обични граѓани, еден невиден циркус што беше и широко покриван од страна на новинари и во други земји.
„Ова е само еден вид давање на партиска награда за тоа што „револуционерите“ го правеа во корист и на сметка на интересите на Социјалдемократскиот сојуз“, рече Каракамишева.
„Сега само се симна превезот, се тргна политичката магла и сега веќе на сите им е јасно за кои цели и зошто беа вклучени шарените револуционери во политиката и која беше нивната последна задача“, додаде Каракамишева.„Имено, да не заборавиме дека Социјалдемократскиот сојуз и шарените револуционери постојано беа во директна координација и во директен дослух