Самиот Уставен суд требаше да се прогласи себеси за надлежен, но и по службена должност да отвори постапка во којашто ќе ја оцени уставноста, но и законитоста на донесената одлука за изборот на Талат Џафери за претседател на Собрание, бидејќи видовме дека се работи за една одлука којашто е донесена во една постапка којашто е срам за парламентарната демократија, не само во Р. Македонија, туку воопшто, изјави за ТВ Нова универзитетската професорка Тања Каракамишева.-Се работи за една постапка којашто беше спротивна на Уставот, постапка со којашто се повредени 4 члена од Уставот, 30 члена од Деловникот за работа на Собранието на РМ, неколку членови од Законот за Собранието, што дава обврска на Уставниот суд не само да ја разгледа целата таа постапка во сите нејзини детали, да собере докази за самиот чин на т.н. избор на Талат Џафери, туку и самата одлука којашто е објавена во Службен весник – најнапред да стави времена мерка за нејзино запирање, а потоа и да ја поништи како противуставна, рече Каракамишева.
Таа додаде дека Уставниот суд е должен да води сметка за примената, но и за непосредното остварување на Уставот, како тој устав се применува во уставно-правниот и во политичкиот поредок на Р. Македонија и какви сѐ консеквенци може да донесе несоодветната примена или повредата на Уставот на Република Македонија врз целиот правен систем.-Се работи за една постапка којашто беше спротивна на Уставот, постапка со којашто се повредени 4 члена од Уставот, 30 члена од Деловникот за работ