Не може да бидат двата јазика рамноправни, затоа што се знае дека во унитарна држава како Р. Македонија, имаме само еден службен јазик. Тој службен јазик, македонскиот, се врзува со македонската држава и се врзува со македонскиот идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова универзитетската професорка и експерт по уставно право, Тања Каракамишева.Каракамишева појасни дека нема ниту една држава во светот којашто има унитарен републикански карактер, а каде што два службени јазика се во употреба, односно каде што има два официјални јазика на цела територија на државата.
-Не постои таков пример – зошто? Затоа што јазикот е еден елемент којшто е дел од државотворниот карактер на државата, односно од идентитетот, но и од клучните столбови врз кои се заснова една држава, рече Каракамишева.
Секоја изјава којашто е дадена, особено од лидер на политичка партија мора да биде многу повнимателна од она што сега го гледаме.
-Имам чувство дека позади целата таа еуфорија којашто се чувствуваше во изјавата на господинот Заев се крие еден голем страв и се крие еден голем прашалник, што доколку не успеам да го спроведам до крај сценариото што ми е дадено во рака и што со мене и со мојата политичка кариера и воопшто со сите оние што ги повлеков со мене во услови кога нема да можам да го реализирам тоа што го ветив, рече Каракамишева.
-Да беше така лесно и така едноставно како Зоран Заев сака да каже дека нашле заедничко решение во рамките на законот, и да беше тоа сѐ во согласност со Уставот, верувајте дека за такво решение ќе најдеа заеднички јазик и претходните коалициски партнери, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде Каракамишева.Каракамишева појасни дека нема ниту една држава во светот којашто има унитарен републикански карактер, а каде што два службени јазика се во употреб