Откако каднидатот Бранко Петровиќ ги испеа избраните нумери, дојде до невиден конфликт во емисијата „Пинкови ѕвезди“.Имено, додека Зорица Брунцлик го коментирала неговиот настап, Александра Радовиќ се смеела, што ја повредило Зорица и почнала да плаче. Го спуштила столчето и ронела солзи.
Емисијата била прекината кога останатите го забележале тоа, а Зорица го напуштила местото за да се смири.
„Не разбирам, што е ова? Таа сега сака да ме сатанизира, дали тоа е поентата? Баш е грдо ова што го направи Зорица. Не направив ништо за да ја повредам“ – викала Александра, а Зорица подоцна се вратила на своето место и емисијата продолжила.
Зорица одлучила да објасни зошто се расплакала.
„Ќе се обидам да бидам смирена, воспитана, пристојна и да ви кажам прво вам Милан дека сте нефер. Откако почна овој серијал јас бев на вашиот тапет. Дара и Драгана се исто на тапет. Единствената која е поштедена од жените е Александра. Јас не плачам што сум немоќна, што не можам на крај да излезам со вас, туку од бес. Не можам да кажам зборови за да бидам сфатена, а вие да не ме прекинете и да ја прашате Александра зошто таа се потсмева додека зборувам. Знам дека не ме поднесувате, но дека ме уважувате бидејќи сме на иста работа. Вие вршите вербално насилство врз 3 жени. Дара се обидува да го амортизира тоа за да биде духовито, Драгана тоа го држи под контрола, но јас сум емотивна и можам до одредена граница да го кријам тоа. Сега сме на крстосница дали вие да си заминете или јас, но бидејќи вие сте незаменливи ќе си одам јас. Тоа повеќе мнема да ви го дозволам! За ваша информација, јас сум некој што трае 42 години, истакнат уметник сум на оваа земја и не сакам со вас да војувам, а вам нека ви служи на чест. Вашето однесување не е џентлменско и не претставува коректен однос кон жените.
Толку од мене. Се надевам дека продукцијата ќе размисли што да прави понатаму. Очекувам јавно извинување од Александра. Ако не го стори тоа, тогаш тој чекор ќе открие многу за неа како личност“ – рекла Зорица.
Водителот и останатите членови од жирито се обидоа да ја смират ситуацијата, а Александра кратко одговорила дека нема намера да се извини за нешто што смета дека не го направила.Имено, додека Зорица Брунцлик го коментирала неговиот настап, Александра Радовиќ се смеела, што ја повредило Зорица и почнала да плаче. Го спуштила