Караванот Вива и Златно Славејче развеселија повеќе од 6000 деца

Со многу забава, игри и песни, карванот на Вива и хорот на Златно Славејче го заокружи своето прво успешно патување низ Македонија.Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и Крива Паланка. Веселиот, распеан карван поминувајќи низ седум градови од Македонија, понуди освежување со многу детски ноти и вкусни витамински Вива сокчиња. Повеќе од 6000 деца присуствуваа на овој музички краван и секое од нив беше освежено со Вива сокче полно со витамини.

Со овој караван Вива и Златните Славејчиња им го разубавија секојдневието на децата од градовите во Македонија и им овозможија да се радуваат на убавата детска мелодија. Воедно, со делењето на витаминските сокчиња претставниците на Вива ги информираа и едуцираа најмалите за здравите навики.

Уживајќи во вкусовите на здравите и природни освежителни сокчиња, посетителите заедно со хорот на Златно Славејче ги пееја добро познатите детски хитови од најголемиот и најпознат детски музички фестивал, меѓу кои и химната за Вива. 

Атмосферата беше комплетна со водителот Влатко Илиевски кој ги забавуваше децата со интерактивни игри и мини натпревари и од град во град стануваше сè повесело и повозбудливо. Присутните деца беа анимирани со разни активности и во текот на настаните со голема радост очекуваа што следно ќе се случи.Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и

Пронајдете не на следниве мрежи: