Кардашијан проговоре за ракот на кожата: Само една бемка ми направи проблем…

Клои  Кардашијан открила дека минал низ непријатен период во животот кога пред неколку  години докторите се посомневале дека има рака на кожата.Клои  својата приказна ја објавила на својот веб сајт со надеж дека така ќе ја крене свеста кај луѓето да ја контролираат својата кожа.
„Имам многу бемки на кожата и пред неколку години забележав една која ми  растеше под градите. Веднаш прочитав нешто повеќе за тоа и  дознав  дека доколку  бемката расте или го менува обликот треба веднаш  да  се јавите на лекар. Докторите одлучија да ми  ја отстраната бемката и  да направат  биопсија. За среќа беше бенигна“, напишала Клои.
Иако повеќето прегледи минале како  што треба, Клои се присетила на едно болно искуство.

„Една бемка која ја имав на грбот беше малигна. Тогаш ми  отстранија 20 цм од кожата. Многу ме болеше бидејќи ми отстранија многу кожа“, додала Клои.
Денес строго води сметка за промените кои  настануваат  на кожата и  веќе долго време нема проблем со бемките.Клои  својата приказна ја објавила на својот веб сајт со надеж дека така ќе ја крене свеста кај луѓето да ја контролираат својата кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи: