Кардиналите пристигнуваат во Рим

Loading...

Кардиналите на римокатоличката црква во неделата продолжија да пристигнуваат во Рим за да учествуваат на конгрегациите, подготвувајќи го изборот на 266-ти папа, но датумот на конклавите сѐ уште не е одреден, пренесува во неделата AFP во чиј коментар се оценува дека сѐ уште ниеден кардинал не се издвојува како фаворит за наследник на папата Бенедикт Шеснаесетти кој неочекувани се повлече од должноста.

 
Деканот на Кардиналскиот совет, кардиналот Анџеле Содано, го свика за во понеделник 209 кардинали, избирачи и неизбирачи, од целиот свет. Околу 66 кардинали пристигнаа или допрва ќе пристигнат во Рим, додека други 75 живеат во италијанската престолнина, а конклавите не можат да бидат свикани без присуство на сите најавени прелати кои можат да гласаат според возраста, кои ги има 115. Тајните конклави ќе се одржат во Сикстинската капела која поради тоа ќе биде затворена за туристите.
Конгрегацијата, односно собирањата зад затворени врати коишто почнуваат во понеделник, служат за на маса да бидат изнесени сите проблеми со коишто се соочува црквата, но на нив, исто така, ќе се утврди профилот на идниот папа.
Правилата за конклавите се променети во 1095 година за да се исклучат сите кардинали повозрасни од 80 години, а максималниот број на кардиналите во конклавата тогаш е ограничен на 120.
За следење на претстојните конклави во одделот за односи со јавноста на Ватикан се акредитирале 3.641 новинари. Според портпаролот на Светата столица, Фредерико Ломбарди, станува збор за претставници на 948 медиуми од 61 земја кои ќе известуваат на 24 светски јазици. Покрај 400 новинари коишто се постојано акредитирани во прес-канцеларијата на Ватикан, за следење на последните денови од понтификатот на Бенедик шеснаесетти и конклавите, акредитации побарале 336 новинари од печатените медиуми, 156 фоторепортери, 2.470 телевизиски новинари и сниматели, 231 радио новинар и 115 новинари кои работат за интернет медиуми.
Макфакс
Кардиналите на римокатоличката црква во неделата продолжија да пристигнуваат во Рим за да учес

loading...
Loading...